Реклама

Туризмот расте – целите за 2030 постигнати четири годано порано, се најавуваат нови чартер летови до Охрид

Енергетска криза во Европа – експертските поддржуваат активирање на сите домашни капацитети за стабилни цени во Македонија

Семакедонска средба во Штип – борбата за идентитетот и правата продолжува

Изградбата на автопатот Кичево-Охрид оди според планот, се најавува негово пуштање во мај следната година

Реформите во заврша фаза- Македонија во очекување на нови милиони евра од ЕУ преку Планот за раст

Се проширува достапноста на услугите на Алта банка – од понеделник се отвора експозитура во Прилеп

Костадиновски: Во 2023 година ѝ беше нанесен тежок удар на правната држава, се надевам грешките ќе бидат исправени

Мицкоски: За разлика од СДСМ и ДУИ кои се самоамнестираа, предлагаме закони кои ќе важат и за нас

Мицкоски: Состојбата во Европа е жестоко алармантна, но ќе се трудиме да нема поскапување

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Македонија

Николоски: Тренчевска зема дебели пари од фондацијата Сорос за да застапува родова еднаквост

Број два на листата во четвртата изборна единица од СДСМ е доскорешната…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Број два на листата во четвртата изборна единица од СДСМ е доскорешната министерка за труд и социјална политика Јована Тренчевска, ја знаете добро, која што нашите деца сака да ги учи дека немало разлика дали се машки или женски, дека немало родители, туку имало родител 1 и родител 2, и води некакви си таканаречени родови политики за кои што земаат дебели пари од фондацијата Сорос. Сакам од овде јасно да кажам за ВМРО-ДПМНЕ, за нас, постојат тато и мајка и деца. Тоа е суштината на македонското семејство, порача потпретседателот и носител на изборната единица 4 Александар Николоски на денешниот митинг во општина Струмица, во рамки на претседателските избори.

Николоски додаде и рече дека за ВМРО-ДПМНЕ има разлика, а тоа е дека мажите се мажи, жените се жени, и ниту една фондација, ниту едни пари, ниту пак продадени души како тие од СДСМ нема да го променат тоа.

„За нас мажите се мажи, жените се жени, момчињата сер момчиња, девојчињата се девојчиња и има здраво да живеат во пристојни семејства, а не да водиме некакви си родови политики. Затоа што она кое што го дала природата ниедна фондација, ниту едни пари, ниту едни продадени души не можат да го променат“, вели Николоски.

Реклама

Николоски истакна дека носителот на изборната единица 4 од СДС, Венко Филипче Венко е виновен за 397 семејства се зацрнија во Струмица и струмичко за време на корона кризата, бидејќи тој тогаш водел грижа само за лична промоција.

„Второ тој што е пред нејзе првиот на листата слушам често доаѓа тука во Струмица, самиот знае зошто. Да го прашам дали не го гриза совеста кога цела јавност знае дека додека водеше личен пи-ар и лична промоција во 2020 и 2021 година, од Струмица и струмичко, четирите општини кои што гравитираат кон струмичката болница 397 семејства се зацрнија, 397 луѓе го изгубија животот само во корна кризата, додека тој водеше лична промоција и личен пи-ар. Дали не го гриза совеста кога доаѓа тука и да помисли на овие семејства на кои што не им пружи основна здравствена заштита, туку мислеше само на сопствената промоција“, рече Николоски.