Јакимовски: Македонија останува без својата младост, мора да поведеме сметка
Претседателскиот кандидат од Гром, Стевчо Јакимовски порача дека најголемиот проблем е иселувањето…
10.04.2024
Сподели:
Фото: Алфа Вести
Претседателскиот кандидат од Гром, Стевчо Јакимовски порача дека најголемиот проблем е иселувањето на младите. Според него, државата треба да почне да се средува од темелот – а тоа е образованието и создавање еднаков систем и можност за учество на пазарот на трудот. Младите вели Јакимовски, бараат реформа во администрацијата, развиен приватен сектор, бараат држава во која нема да треба да се додворуваат на ниту еден политичар.