Реклама

Прилепска трагедија: Поради пожарите и невремето градот на тутунот може да остане без тутун

Кавги, поделеност, ужасно низок рејтинг: Филипче бега од избори како ѓавол од темјан, го чека катастрофален пораз и крај за него

Десет километри, пет тунели и девет мостови – по децении конечно почна изградбата на автопатот Скопје–Блаце

Нов судир во врвот на СДСМ: Ковачевски и Филипче на различни страни за Дата-центрите

Да си против дата центрите е исто како да си против изградбата на хидроцентралите пред 100 години

Јанчев: Пожарот на депонијата „Мелци“ е напад врз градот има индиции дека е подметнат

Првиот синдикалец Трендафилов „замина во илегала“: Никаде го нема да одговори на обвинувањата на вработените

„Училишна кошничка“ со пониски цени: Приборот поевтинува 15%

Вчерашното невреме со град уништи огромни површини со тутун во долненскиот регион –

Пoмалку првачиња и затворени рурални училишта: Новата учебна година почнува со демографски предизвици и реформи

Кос: ЕУ ги менува правилата за проширување, не смееме да прифаќаме тројански коњи

Демографски аларм-се помалку ученици и студенти во Македонија

Македонија

Мицкоски: СДСМ стана измеќар на ДУИ, Ахмети од вилаетот во Зајас управува со Македонија

Мицкоски нагласи дека неговиот рејтингот, рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ и Гордана Силјановска Давкова…

Сподели:

Мицкоски нагласи дека неговиот рејтингот, рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ и Гордана Силјановска Давкова е три пати поголем од рејтингот на СДСМ, Ковачевски и Пендаровски, токму поради тоа се плаши самиот Пендаровски, нагласувајќи дека за неколку недели од сега ќе одговараат што го опљачкаа народот.

Се сеќавате пред 6 ипол години ја започнаа онаа нивна кампања кога велеа дека ќе донеле живот во Македонија. Наместо живот за сите, општество за сите, тие донесоа живот за малкумина кои што се денес во врхушката на СДСМ и ДУИ, а за сите нас останатите донесоа вистински пекол. Кога зборам на вистински пекол, ќе ве потсетам на некои од нивните ветувања. Велеа дека ќе сме имале европско здравство. А од европското здравство не остана ни Е. Всушност има едно Е а тоа се еврата кои што ги украдоа од нашиот здравствен систем и сега се џебовите на малкумина преку наместени тендери, вели Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ пред граѓаните на општина Демир Хисар во рамки на претседателската кампања.

Мицкоски додаде дека СДСМ донесе пекол и во образованието и во земјоделството, укажувајќи дека учениците се уште немаат учебници и покрај тоа што е крај на учебната година, а од ветениот загарантиран откуп и цени за земјоделците, нема ништо.

Реклама

-Се сеќавате зборуваа дека образовниот систем бил како во европските високо развиени држави. Но каква е реалноста? За жал нашите ученици најголем дел од нив не добија книги од кои што ќе можат да учат, а некои за жал учебната година ќе заврши се уште немаат добиено книги. Се сеќавате на земјоделците им ветуваа откуп, им ветуваа загарантирана цена, повисоки субвенции, а што направија? Ниту загарантиран откуп, ниту загарантирана цена, полињата се пустошат, луѓето се иселуваат. Тоа е реалноста која ја донесоа во Македонија, од оној ветуван живот, донесоа пекол, вели тој.

Мицкоски потенцираше дека со Македонија управува триото Ахмети, Груби и Османи, порачувајќи дека тоа мора да престане најпрво на 24 април, а потоа на 8 мај.

-Со Македонија управува ДУИ, по принципот како од сега. А овие измеќарите од СДСМ партија која во раните 90тите беше голема, партија која што можеби држеше во некоја мера до своето достоинство денеска се претвори во еден обичен измеќар на триото Ахмети, Груби и Османи. Принципот на владеење со Македонија како до сега подразбира Артан Груби како вицепремиер и неговото семејство да стекнува се поголем имот во центрите на големите населени места во Македонија. Бујар Османи како министер за надворешни работи да продолжи да ја распродава и омаловажува и понижува Македонија и да го дели македонскиот идентитет каде стигне и кому стигне, небаре го наследил од неговите предци. И конечно на крај главниот во оваа приказна како до сега Али Ахмети да го гледаме во неговиот вилает, неговите хациенди во Зајас како ужива како некој блискоисточен шејк од таму управувајќи со Македонија. Тоа мора да престане. Мора да кажеме доста е, ова мора да престане најпрво на 24 април, а потоа и на 8 мај, порача Мицкоски.

Мицкоски нагласи дека неговиот рејтингот, рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ и Гордана Силјановска Давкова е три пати поголем од рејтингот на СДСМ, Ковачевски и Пендаровски, токму поради тоа се плаши самиот Пендаровски, нагласувајќи дека за неколку недели од сега ќе одговараат што го опљачкаа народот.

-Пендаровски има страв затоа што за неколку недели од денеска ќе ги отвориме тефтерите, ќе ги ослободиме институциите и ќе видиме што е тоа што го правеа овие 6 и пол години. Дали тоа што го збори Стево дека тој барем не крадел за разлика од сите останати, е навистина така или не е така. Има страв Стево и до него блиските затоа што треба сметките да се срамнат, треба одговорноста да дојде, за бадијала им се промените на челновите во кривичниот законик, за бадијала, кажа Мицкоски и им порача дека ќе одговараат после 8 мај за сето она кое што го направија на народот и го опљачкаа.