Реклама

Туризмот расте – целите за 2030 постигнати четири годано порано, се најавуваат нови чартер летови до Охрид

Енергетска криза во Европа – експертските поддржуваат активирање на сите домашни капацитети за стабилни цени во Македонија

Семакедонска средба во Штип – борбата за идентитетот и правата продолжува

Изградбата на автопатот Кичево-Охрид оди според планот, се најавува негово пуштање во мај следната година

Реформите во заврша фаза- Македонија во очекување на нови милиони евра од ЕУ преку Планот за раст

Се проширува достапноста на услугите на Алта банка – од понеделник се отвора експозитура во Прилеп

Костадиновски: Во 2023 година ѝ беше нанесен тежок удар на правната држава, се надевам грешките ќе бидат исправени

Мицкоски: За разлика од СДСМ и ДУИ кои се самоамнестираа, предлагаме закони кои ќе важат и за нас

Мицкоски: Состојбата во Европа е жестоко алармантна, но ќе се трудиме да нема поскапување

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Македонија

Силјановска Давкова: Ние го почитуваме националното право, но треба да се повикуваме на меѓународното право, а особено на правото на ЕУ

Изборниот караван на претседателскиот кандидат професор д-р Гордана Силјановска – Давкова и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Изборниот караван на претседателскиот кандидат професор д-р Гордана Силјановска – Давкова и коалицијата „Твоја Македонија“, предводена од ВМРО-ДПМНЕ ја заокружи денешната кампања со митинг во Ресен.

Во обраќањето пред граѓаните професорката Гордана Силјановска Давкова истакна:

  • Едно од основните начела на Европската Унија е солидарност, соработка и нема да верувате како не му текна на претседателот, како неговите советници не му укажаа на основните документи на Европската Унија? Оти да, ние го почитуваме националното право, но треба да се повикуваме на меѓународното право, а особено на правото на ЕУ. Таму има еден фамозен член 8, во кој што, во договорот за ЕУ, во основниот акт за ЕУ, а јас, за жал или за среќа предавам и европско уставно право, во кој што пишува дека членките на ЕУ ќе бидат поттикнувани да склучуваат договори со соседите, со кандидатите за членство во Европската Унија, врз основа на начелото на реципроцитет.
  • Еве да ги прашам јас претседателот, министерот за надворешни работи, дали знаат дека постои договор за ЕУ? И дали пред да одат да разговараат за нашите национални и државни интереси седнуваат и ги проучуваат сите најважни документи на Европската Унија? Зошто? Ние знаеме дека сме мала држава. Тие се внатре и можеби се посилни, бидејќи се дел од фамилијата, но ни тие, ни ЕУ не смеат да си ги кршат сопствените уставни норми.
  • Но, ако не ги потсетите на тоа, сигурно си велат дека ќе бидат практични, дека ќе бидат во духот на реализмот, ќе помислат дека ,силните го прават тоа што можат, а слабите тоа што мораат’ и така во биографиите ќе си запишат уште еден успех. Ама, за нашиот живот се работи, за нивниот живот се работи, за младите, за децата. Како вели еден премудар Ирец, Бернард Шо, ,Сè може да смените, само татковината не може да ја смените.

https://www.facebook.com/watch/?v=1088881939070201