Реклама

Туризмот расте – целите за 2030 постигнати четири годано порано, се најавуваат нови чартер летови до Охрид

Енергетска криза во Европа – експертските поддржуваат активирање на сите домашни капацитети за стабилни цени во Македонија

Семакедонска средба во Штип – борбата за идентитетот и правата продолжува

Изградбата на автопатот Кичево-Охрид оди според планот, се најавува негово пуштање во мај следната година

Реформите во заврша фаза- Македонија во очекување на нови милиони евра од ЕУ преку Планот за раст

Се проширува достапноста на услугите на Алта банка – од понеделник се отвора експозитура во Прилеп

Костадиновски: Во 2023 година ѝ беше нанесен тежок удар на правната држава, се надевам грешките ќе бидат исправени

Мицкоски: За разлика од СДСМ и ДУИ кои се самоамнестираа, предлагаме закони кои ќе важат и за нас

Мицкоски: Состојбата во Европа е жестоко алармантна, но ќе се трудиме да нема поскапување

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Македонија

Со „жешката ноќ“ Ковачевски го направи Пендаровски соучесник во прифаќањето на бугарските уцени

Жешката ноќ на трогателниот разговор меѓу Ковачевски и Пендаровски, на која претседателот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Жешката ноќ на трогателниот разговор меѓу Ковачевски и Пендаровски, на која претседателот му ветил на премиерот дека ќе стои рамо до рамо до него е всушност ноќта после полноќ, на 1 јули, часови пред Македонија да го прифати францускиот предлог, и да се обврзе да ги стави Бугарите во уставот. Со оваа драматуршка изјава Ковачевски, сакајќи да го престави Пендаровски за европеец, тој всушност го посочи за главен сооучесник за прифаќање на предлогот против кој се 80 проценти од граѓаните и кој, во моментов е главната пречка за отаварање на преговорите.

Една жешка вечер, многу доцна, седевме заедно сами, Стево рече: Друже, знам дека целиот товар, целиот притисок од утре ќе биде врз тебе, знам дека целиот овој процес ти ќе мора да го изодиш до крај, и ќе поминуваш низ пекол и затоа нема да те оставам сам – oбјаснува Ковачевски за разговорот со Пендаровски.

Како што е познато, по неколку месечно препирање дали воопшто постои или не предлог од французите, на 23 јуни 2022 година македонската влада призна дека примила документ, подготвен со посредство на Маркон во кои беше содржан план како Бугарија да го крене ветото и да се одблокира почетокот на преговорите на Македонија со Европската Унија. Но, откако излегоа детали од него, како што е предусловот за влегувањето на Бугарите во уставот, Ковачевски првично го одби, за само по неколку денови, без некои измени да го прифати без забелешка.

Реклама

Предлогот во ваква форма каква што е во моментов е неприфатлив за мене, за претседателот на државата, за коалиционите партнери и за граѓаните на Република Северна Македонија, изјави Ковачевски на 23 јуни 2022-ра. 

Од овде и од денес па натаму одиме напред со забрзан чекор за да се приклучиме кон европското семејство, во кое многу скоро и официјално ќе се чуе нашиот македонски јазик, кажа Ковачевски на први јули 2022-ра.

Слични изјави на времето даваше и тогашниот претседател Пендаровски, кој сега се бори за втор мандат. И тој првично неираше дека постои план подготвен од французите, за потоа се пофали дека тој лично учествувал во негово креирање.

Јасна е намерата, сакаат да се вратат на нивната стара теза која е срамна и невтемелена ни во науката, ни во фактите од историјата, дека овде по 45-та е направена системска дебугаризација.

Јасна е намерата, сакаат да се вратат на нивната стара теза која е срамна и невтемелена ни во науката, ни во фактите од историјата, дека овде по 45-та е направена системска дебугаризација, изјави Пендаровски на 21-ви јуни 2022-ра.

Па јас ги работев сите тие документи, заедно со многу други. Францускиот предлог на крај со Макрон, на тие две три точки директно го работев, изјави Пендаровски на 30-ти јули 2022-ра.

Инаку, за многумина токму прифаќањето на францускиот предлог во моментов е главната пречка за вистинско отварање на преговорите со ЕУ, затоа што власта не може да го исполни ветувањето за промена на уставот и вметнување на Бугарите во него. Причината е што предлогот беше прифатен без консултација со опозицијата, чија поддршка е потребна за двотретинско мнозинство за уставни измени, но и со остро противење од страна на народот, кој дури излезе на протести барајќи тој да биде одбиен.