Реклама

Прилепска трагедија: Поради пожарите и невремето градот на тутунот може да остане без тутун

Кавги, поделеност, ужасно низок рејтинг: Филипче бега од избори како ѓавол од темјан, го чека катастрофален пораз и крај за него

Десет километри, пет тунели и девет мостови – по децении конечно почна изградбата на автопатот Скопје–Блаце

Нов судир во врвот на СДСМ: Ковачевски и Филипче на различни страни за Дата-центрите

Да си против дата центрите е исто како да си против изградбата на хидроцентралите пред 100 години

Јанчев: Пожарот на депонијата „Мелци“ е напад врз градот има индиции дека е подметнат

Првиот синдикалец Трендафилов „замина во илегала“: Никаде го нема да одговори на обвинувањата на вработените

„Училишна кошничка“ со пониски цени: Приборот поевтинува 15%

Вчерашното невреме со град уништи огромни површини со тутун во долненскиот регион –

Пoмалку првачиња и затворени рурални училишта: Новата учебна година почнува со демографски предизвици и реформи

Кос: ЕУ ги менува правилата за проширување, не смееме да прифаќаме тројански коњи

Демографски аларм-се помалку ученици и студенти во Македонија

Македонија

Увозот на странска работна сила ги навредува и револтира домашните работници

        Првите десетина увезени работници од Непал и најавата за најмалку уште толку…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

        Првите десетина увезени работници од Непал и најавата за најмалку уште толку за еден месец, а за кои процедурата веќе била во завршна фаза во извесни текстилни компании, ги вознемирија домашните работници. Тие, загрижени за нивното понатамашно вреднување на трудот, а кое и сега се сведувало главно на мизерниот минималец, велат дека се чувствуваат и навредено, и понижено. Плашејќи се за своите работни места, не сакаат јавно да зборуваат, но зад камерите не го кријат ни незадоволството, ни револтот, ама ниту паниката.

Работам преку 25 години во истата компанија и за целото време, примањата ми се минимални. Не ми е јасно со кое лице газдите од нас бараат поголема продуктивност, а платите што ни ги даваат не се доволни ни за половина месец да преживееме на оваа скапија ?! Како не им е срам?! Ама нив, очигледно ги интересира само нивниот профит, а дека ние, на овие години можеме да останеме и на улица, никому ништо. Битно, тие да си печалат. Нека ни дадат и нам попристојни плати, и ние умееме да бидеме продуктивни“, – резигнирано ни изјави една текстилна работничка.

  Ништо поинакви не се ниту рекциите и по социјалните мрежи.

Реклама

„А бе, до пред некое време по 9.000 ден. плата им дававте на домашните работници, како да се робови. Ако ти се работи – работи, ако не, замини си, им велевте. Е, сега кога си заминаа, слаба продуктивност сте имале. Слепци“, , се само дел од лавината коментари по социјалните мрежи.

   Од Регионалната стопанска комора пак, се правдаат. Ваквото решение било неминовно, бидејќи иселувањето се’ повеќе си го земало својот данок, a и домашните работници биле ниско-продуктивни.

    „Слабата продуктивност дополнително носи некомпетентност на компаниите понатаму на европските пазари и затоа стопанствениците се решаваат да увезат вработени од други држави за да видат во што е причината за некој вработен на истите позиции од друга држава да биде попродуктивен од нашите работници“, – вели Никола Мариноски, претседател на Регионалната стопанска комора од Прилеп.  

   Инаку, странските работници ќе земаат плата од 450 евра нагоре. Сместувањето им е платено, а документацијата за да ги донесат, стопанствениците ги чини од 1.000-1.500 евра по работник, во зависност од државата.

Каролина Дурло