Реклама

Скопје под чад од пожари на Китка и Жеден

Контроверзниот Абази брои ситно: Расчистува пред да замине за да остави „чиста сметка“ пред тие што го поставија

На Филипче не може да му се најде крајот: Бил подготвен за избори, ама од соочување со народот бега како од ѓавол

Николоски: Го разбирам незадоволството на превозниците, се обидуваме да им олесниме преку билатералните договори

Николоски: Се бара алтернативна траса за автопатот Ќафасан–Требеништа, Кичево–Охрид готов до 2027

Се сумираат пријавите од невремето во Скопје, следува обештетување

231 документ, копирани и сместени во осум кутии и седум сведоци: Артан Груби конечно седна на обвинителна клупа

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Македонија

Манастирот „Св. Атанасиј“ во Тетово повторно мета на вандали, ги искршиле сите прозорци, но ништо не е украдено

А во време на предизборие, манастирскиот имот „Свети Атанасиј“ на тетовското кале,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

А во време на предизборие, манастирскиот имот „Свети Атанасиј“ на тетовското кале, пак е мета на вандали. Ги искршиле сите прозори и направиле сериозна материјална штета. Целта веројатно им била само големата штета, бидејќи од имотот не е украдено ништо. Вандалите пред да ги кршат стаклата на прозорците, го искршиле и катанецот на влезната врата на црквата. Случајот го потврдија и од секторот за внатрешни работи Тетово.

По пријавата, бил извршен увид и се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од тетовската полиција.

Овој упад следува откако пред нешто повеќе од една недела непознати сторители поставија знаме на Албанија на куполата на црквата и знаме на ОНА на бандера на влезот на калето. На крајот на ноември лани во тетовско, на Попова Шапка се случи сличен инцидент. Тогаш две маскирани лица го симнаа знамето на Македонската православна црква – Охридска архиепископија од јарболот во дворот на манастирскиот комплекс „Свети Наум чудотворец“ на Попова шапка и на негово место го поставија знамето на Албанија.