Реклама

Туризмот расте – целите за 2030 постигнати четири годано порано, се најавуваат нови чартер летови до Охрид

Енергетска криза во Европа – експертските поддржуваат активирање на сите домашни капацитети за стабилни цени во Македонија

Семакедонска средба во Штип – борбата за идентитетот и правата продолжува

Изградбата на автопатот Кичево-Охрид оди според планот, се најавува негово пуштање во мај следната година

Реформите во заврша фаза- Македонија во очекување на нови милиони евра од ЕУ преку Планот за раст

Се проширува достапноста на услугите на Алта банка – од понеделник се отвора експозитура во Прилеп

Костадиновски: Во 2023 година ѝ беше нанесен тежок удар на правната држава, се надевам грешките ќе бидат исправени

Мицкоски: За разлика од СДСМ и ДУИ кои се самоамнестираа, предлагаме закони кои ќе важат и за нас

Мицкоски: Состојбата во Европа е жестоко алармантна, но ќе се трудиме да нема поскапување

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Македонија

Што треба да се случи во Македонија за да се активира системот за исчезнати лица „Најди ме“?!

Треба ли да ни се случи уште некоја голема трагедија за конечно…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Треба ли да ни се случи уште некоја голема трагедија за конечно да се направат законски измени и институционално да го активираме системот за исчезнати лица НАЈДИ МЕ? Ваков сличен систем има веќе воспоставено во Хрватска, Бугарија, Грција и Србија. Србите за прв пат го активираа пред неколку дена кога исчезна 2 годишната Данка Илиќ. Таму веднаш беше активирен алармот, прекината беше програмата на сите медиуми, сите граѓани добија СМС пораки со детален опис на исчезнатото лице. Ликот на малата Данка беше насекаде. Тоа впрочем е улогата на системот за брзо алармирање и пронаоѓање на исчезнати деца.

Кај нас за сега е само во форма на веб страница najdime.org.mk  проект кој го реализираше невладината „Новинари за човекови права„.

–На неа може да се постави профил за исчезнато лице, се поплнува …… потоа откако ќе провериме, односно препорачуваме и во самата аплакицаија кога се пополнува на веб страната да биде лицето приојавено и во МВР за исчезнато. …. потоа ја објавуваме пријава за исчезнато лице и ја споделуваме по низа канали кои сега ни се достапни – вели АЛЕКСАНДРА РАДЕВСКА – НВО „Новинари за човекови права“.

Реклама

Страницата беше официјално промовирана, во декември мината година по исчезнувањето, а потоа и убиството на 14 годишната Вања. За сега се уште функционира на ниво на невладини организации и доброволно вклучување на институции и претпријатија.

–Ние со институциите соработуваме убаво но ние како НВО не сме во позиција да можеме да наложиме или да побараме од медиумите од компаниите тоа да го прават во оваа фаза по приниц на обврска. Го правиме по принцип на добра волја односно со билатерални договори – додава Радевска.

Според официјалните податоци на МВР од јануари 2020 до март 2024 година за исчезнати биле пријавени 54 деца, од нив 49 се пронајдени. Потрагата е се уште активна за 5 дечиња.