Реклама

Скопје под чад од пожари на Китка и Жеден

Контроверзниот Абази брои ситно: Расчистува пред да замине за да остави „чиста сметка“ пред тие што го поставија

На Филипче не може да му се најде крајот: Бил подготвен за избори, ама од соочување со народот бега како од ѓавол

Николоски: Го разбирам незадоволството на превозниците, се обидуваме да им олесниме преку билатералните договори

Николоски: Се бара алтернативна траса за автопатот Ќафасан–Требеништа, Кичево–Охрид готов до 2027

Се сумираат пријавите од невремето во Скопје, следува обештетување

231 документ, копирани и сместени во осум кутии и седум сведоци: Артан Груби конечно седна на обвинителна клупа

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Македонија

Каевски: Нема промени во ДПМНЕ, тие што го блокираа европскиот пат повторно на изборната листи

Листата на ДПМНЕ е листа за блокада, за откажување и враќање назад…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Листата на ДПМНЕ е листа за блокада, за откажување и враќање назад во изолација, изјави на денешната прес-конференција, Дарко Каевски, пратеник и портпарол на СДСМ.

Тие што го блокираа европскиот пат на земјата, тие што спроведуваа активна блокада на Собранието, се повторно на изборнaта листа на ДПМНЕ, рече Каевски.

„Над 80% се истите пратеници. Граѓаните беа сведоци на блокадите, одолговлекувањата, бесмислени реплики, штанцањето илјадници амандмани во македонското Собрание. Не се закажуваа седници и не ставаа на дневен ред клучни закони во парламентарните комисии, предводени од опозицијата. Се лупаше и се тропаше во Собранието за да попречи европскиот пат на земјата. Во време на криза ја блокираа помошта за граѓаните и компаниите. Беа против минималната плата и раст на платите. Беа и се уште се против членството на државата во ЕУ. Со истите лица на изборната листа Белата палата потврдува дека со ДПМНЕ е можно само враќање назад. Во ДПМНЕ нема никаква промена и не можат да донесат никакви промени на подобро, напротив. Се потврди. Изборот пред граѓаните на претстојните избори е помеѓу надеж и просперитетна европска иднина со СДСМ и безнадежност, враќање 10 години назад во изолација со ДПМНЕ“, посочи Каевски.