Реклама

Скопје под чад од пожари на Китка и Жеден

Контроверзниот Абази брои ситно: Расчистува пред да замине за да остави „чиста сметка“ пред тие што го поставија

На Филипче не може да му се најде крајот: Бил подготвен за избори, ама од соочување со народот бега како од ѓавол

Николоски: Го разбирам незадоволството на превозниците, се обидуваме да им олесниме преку билатералните договори

Николоски: Се бара алтернативна траса за автопатот Ќафасан–Требеништа, Кичево–Охрид готов до 2027

Се сумираат пријавите од невремето во Скопје, следува обештетување

231 документ, копирани и сместени во осум кутии и седум сведоци: Артан Груби конечно седна на обвинителна клупа

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Македонија

Николоски: Ова се избори на кои треба рекордна излезност – да си ја вратиме Македонија

Јасно е дека ВМРО-ДПМНЕ ќе победиме на 24 април и 8 мај,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Јасно е дека ВМРО-ДПМНЕ ќе победиме на 24 април и 8 мај, јасно е дека ВМРО-ДПМНЕ ќе формира влада и дека Христијан Мицкоски ќе биде премиер, а Гордана Силјановска Давкова претседател, рече Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ и носител на изборна единица 4 на денешното претставување на изборните листи. 

Николоски посочи дека ова  не се обични избори и оти се најзначајните избори за граѓаните и за Македонија.

„Ова се изборите кои ќе ја одредат иднината на Македонија и на граѓаните во следните 20 до 30 години, ова се избори кога секој решава каде ќе одиме сите ние и Македонија како држава. Ова се избори на кои треба рекордна излезност, секој да излезе и да гласа да го поддржи ВМРО-ДПМНЕ, да си ја врати Македонија“, кажа Николоски. 

Реклама

Според Николоски, Македонија повторно твоја не е случаен слоган, така е затоа што Македонија сега не е твоја, не е наша. 

„Не е работата да наполните 18 години и да земете карта во еден правец и да се слушате на видео кол со своите, не е работата да имате 40 години и да се спакувате во едно возило и да заминете, не е работата да сте пензионер и да ги пакувате своите и да гледате како се пакуваат и да ги испраќате и да не можете да ги видите. Ама, за жал тоа е фактичката состојба“, вели Николоски.

Николоски додаде дека промените се прават со поддршка за Македонија, а тоа значи поддршка за ВМРО-ДПМНЕ. 

„За да има промени треба да има поддршка за ВМРО-ДПМНЕ, затоа треба масовна излезност, затоа гласајте за ВМРО-ДПМНЕ, гласајте масовно, така се прават промените“, посочи Македонија.

Според Николоски ова се избори за сите кои се чувствуваат угнетени, обесправени.

„Овие избори се за оние кои немаат соодветно лекување во Македонија, за работниците кои се понижени, кои земаат мала плата, за сите кои ја чувствуваат неправдата, за пензионерите кои немаат достоинствен живот и слично“, порача Николоски.