Реклама

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Хаос на струшкото крајбрежје: Плажите десет години работат на диво, општината губи милионски суми

Аларм за безбедноста на храната, пеколот го скратува рокот на храната – АХВ ги засили контролите

Уште една, 5-та жртва од Западен Нил во Македонија, вирусот драматично се шири низ Европа

Гори на повеќе од 15 места, четири пожари се големи

Бура во ССМ – откази, суспензии и обвинувања за мобинг

Николоски: Интензивно се гради патот Прилеп – Битола

„Училишна кошничка“ со попуст до 15 проценти – треба да ги намали трошоците за почетокот на учебната година

Македонија

Утврден редоследот на гласачкото ливче – Пендаровски број 1, Силјановска број 2

Редослед на кандидатите за претседател на гласачкото ливче: 1.Стево Пендаровски  – СДСМ…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Редослед на кандидатите за претседател на гласачкото ливче:

1.Стево Пендаровски  – СДСМ

2.Гордана Силјановска Давкова – ВМРО-ДПМНЕ

Реклама

3.Стевчо Јакимовски  – ГРОМ

4.Бујар Османи – ДУИ

5.Билјана Ванковска – Левица

6.Арбен Таравари – ВРЕДИ

7.Максим Димитриевски – Движење ЗНАМ

Вака ќе изгледа гласачкото ливче на престојните претседателски избори закажани за 24 април – прв круг и вториот на 8-ми мај. Преку ждрепка во Државната изборна комисија, претставниците на претседателските кандидати ги извлекоа редоследните броеви на 7-те имиња кои ќе се тркаат за вселување во Вила Водно.

Според законскиот роковник, во ДИК досега се тече во најдобар ред, а според истиот 4 април ќе започне изборната кампања за претседателските избори, а ќе заврши на 22 април на полноќ.

  • „Во моментов ги чекаме предлозите на политичките партиите, за избирачките одбори, по еден од власта и опозиција, и предлозите за гласање во ДКП, тоа ќе бидат следните дејствија и сите дејствија според закон кои се пропишани во роковникот, ги спроведуваме, а знаете сите дека заврши јавниот увид во Избирачкиот список“ рече Даштевски – Претседател на ДИК.

Дијаспората ќе гласа само за избор на шеф на државата бидејќи не се пријавиле доволен број гласачи односно колку што имал поддршка еден пратеник на последните парламентарни избори.

  • Некаде околу 2900 и нешто се пријавија, не се сите прифатени но најголемиот дел се прифатени. Најголем број се пријавени во Германија, во САД, Канада, Австралија, но и во другите европски држави. Во некои нема, но тоа допрва ќе се утврдува, но тие ќе гласаат само за претседател..“ рече Александар Даштевски – Претседател на ДИК.

На партиите им остануваат 10 дена до почетокот на кампањата за претседателските , а течат и роковите за подготвување на листите за парламентарните избори.

Листите на кандидати за пратеници во Собранието овластените претставници на предлагачите ги доставуваат до ДИК најдоцна до полноќ на 2 април.