Реклама

Скопје под чад од пожари на Китка и Жеден

Контроверзниот Абази брои ситно: Расчистува пред да замине за да остави „чиста сметка“ пред тие што го поставија

На Филипче не може да му се најде крајот: Бил подготвен за избори, ама од соочување со народот бега како од ѓавол

Николоски: Го разбирам незадоволството на превозниците, се обидуваме да им олесниме преку билатералните договори

Николоски: Се бара алтернативна траса за автопатот Ќафасан–Требеништа, Кичево–Охрид готов до 2027

Се сумираат пријавите од невремето во Скопје, следува обештетување

231 документ, копирани и сместени во осум кутии и седум сведоци: Артан Груби конечно седна на обвинителна клупа

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Македонија

Босна и Херцеговина официјално почнува преговори со ЕУ – Македонија тапка во место

И Босна и Херцеговина, земјата која ја преживеа најкрвавата војна по распадот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

И Босна и Херцеговина, земјата која ја преживеа најкрвавата војна по распадот на Југославија, и со години се справуваше со последиците од неа, официјално почнува да преговара со ЕУ, а Македонија уште стои заглавена.

Европскиот совет го одобри отворањето на пристапните преговори со Босна и Херцеговина.  Првиот човек на на советот, Шарл Мишел, на платформата Х напиша дека на земјата „местото ѝ во европското семејство“ и дека одлуката е „клучен чекор напред“ на патот на БиХ кон ЕУ.

За Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, одлуката е историска и се должи на импресивните чекори кои ги презела земјата на патот кон ЕУ“.

Реклама

Додека речиси сите земји од западен Балкан одат чекор напред, се чини дека Македонија оди два чекора назад. Причина за тоа, според дел од аналитиачрите е лошата дипломатија, енормната корупција, неработењето на Владата..

Пораншениот амбасадор Јован Донев за Алфа вели дека Македонија не треба да се споредува со другите земји кои веќе одат по патот кон Европското семејство, туку дека треба да се фокусираме да си ги решиме проблемите дома, кои 7 години само се натрупуваат.

Ние имаме два главни проблеми. Едниот е што владата до овој момент не сака да изнајде решение за спорот со Бугарија на начин на кој што доликува, се фатила како слеп за стап да го менува Уставот, што е недозволиво, а не ни добија потврда, согласност од опозицијата. Ако беше фер владата или мислеше дека нема други решенија, а има други решенија, секогаш во дипломатијата има други решенија, тоа не го прави, они цело време топката ја рпефрлаат на ЕУ. Преговарачката рамка е една работа, нашиот билатерален проблем со Бугарија е друга работа. Проблем кој што нашата владата требаше и мораше да го реши, вели Донев.

Дури и магично да се реши проблемот со Бугарија, вели Донев, Македонија повторно ќе има нова пречка за влез во ЕУ, а тоа е корупцијата, која наместо да се намалува, од ден на ден се зголемува, а надлежните не мрдаат со прст да ја решат.

Вториот проблем е проблеот со корупцијата. Ние веќе немаме проблеми на појава на корупција, како исклучок, кај нас корупциајта е станата една нормална работа. Тоа ќе биде исклучително тешко да се реши. Тоа стана дел на нашиот ментален склоп, на нашата култура на живеење. Тоа европјаните го гледаат, вели Донев.

Македонија неколку пати извиси за почеток на преговорите и соседите ни дадоа услови кои властите без консензус со стручната јавност, опоизицијата, народот ги прифатија. Грција бараше промена на името, што владата на Заев го стори иако народот се противеше.

Потоа Бугарија започна со нивните барања и навреди кон Македонија со непроизнавање на јазикот, исотријата, народот. За да можеме да ги почнеме односно продолжиме преговорите, сега треба повторно да го отвораме Уставот и да ги вментеме бугарите во преамбулата. Ова го прифати власта на СДСМ и ДУИ и истото стана дел од преговарачката рамка и протоколите на Македонија за влез во Унијата. Де факто Владата прифати нешто што не може да го реализира оти нема поддршка од народот, ниту од опозициските партии.