Реклама

Туризмот расте – целите за 2030 постигнати четири годано порано, се најавуваат нови чартер летови до Охрид

Енергетска криза во Европа – експертските поддржуваат активирање на сите домашни капацитети за стабилни цени во Македонија

Семакедонска средба во Штип – борбата за идентитетот и правата продолжува

Изградбата на автопатот Кичево-Охрид оди според планот, се најавува негово пуштање во мај следната година

Реформите во заврша фаза- Македонија во очекување на нови милиони евра од ЕУ преку Планот за раст

Се проширува достапноста на услугите на Алта банка – од понеделник се отвора експозитура во Прилеп

Костадиновски: Во 2023 година ѝ беше нанесен тежок удар на правната држава, се надевам грешките ќе бидат исправени

Мицкоски: За разлика од СДСМ и ДУИ кои се самоамнестираа, предлагаме закони кои ќе важат и за нас

Мицкоски: Состојбата во Европа е жестоко алармантна, но ќе се трудиме да нема поскапување

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Македонија

Признанието на Пендаровски за израелскиот стратег ангажиран од власта ќе им се „удри од глава„ на Ковачевски и СДСМ

Пендаровски го закопа СДСМ. Неговото признание дека израелскиот медиумски гуру е сепак…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Пендаровски го закопа СДСМ. Неговото признание дека израелскиот медиумски гуру е сепак консултант на владејачката партија отвора сомнежи за сериозно прекршување на изборните правила и законите. Името на Асаф Еисин чии услуги не се евтини го нема во ниту еден од ревизорските извештаи на СДСМ за потрошени пари па се поставува прашањето како бил плаќан во минатото и како ќе го платат сега.

Доколку пак е ангажиран за изборната кампања на СДСМ, дали се свесни во СДСМ дека прават кривично дело, имајќи во предвид дека изборните сметки се уште не се отворени и не можат да се преземаат финансиски активности поврзани со изборите? – прашува потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски.

Пендаровски призна дека се сретнал со Еисин, но се правдаше дека таа средба ја организирале социјалдемократите кои ги користеле неговите консултантски услуги. Не даде детали на кој начин е ангажиран, колку луѓе работат заедно со него, кој го плаќа неговиот ангажман и од која сметка.

Реклама

Понатаму, се поставува прашањето дали можеби има договор со некоја државна институција и на тој начин е ангажиран, или можеби најлошото дали е можеби платен од некоја странска држава која што сака да направи услуга на СДСМ и на Стево Пендаровски.Доколку е така се работи за тешко кривично дело имајќи предвид дека забрането е финансирање на избори од страна на странски извори и странски држави – прашува потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски.

Ковачевски пак се прави „наудрен“, и не знаел што зборува неговиот претседателски кандидат Пендаровски. Вели имал тим на стратези, но ниеден од нив не бил Израелец.

Мојата кампања ја води шефот на комуникации Александар и сите вие го знаете. Видеата ги прават наши сограѓанки, кои што се од таа генерација да работи со технолигија на брз и ефективен начин да го направи. Ниту Александар ниту овие девојки се Израелци, мојата кампања и на Пендаровски ја работат тие луѓе – рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски.

  • Но тој е консултант на СДСМ?

Не знам што одговориле од кабинетот на Пендаровски. Јас ви кажувам кој ги работи моите кампањи – вели Ковачевски.

  • Асаф Еисин е консултант на СДСМ?

Не, немам таков консултант. Мојот консултант се вика Александар и можете да го запознаете еве веднаш – додаде Ковачевски.

Инаку, израелецот Асаф Еисин е познат како консултант на српскиот претседател Александар Вучиќ и со години се споменува како главен креатор на победничките изборни кампањи на првиот човек на Србија. Сепак, Еисин не е исклучиво „човекот на Вучиќ“, туку го има употребено своето ПР знаење и во други земји. Досега соработувал со политичари во Словенија, Босна и Херцеговина, Австрија, Србија и Романија.