Реклама

Туризмот расте – целите за 2030 постигнати четири годано порано, се најавуваат нови чартер летови до Охрид

Енергетска криза во Европа – експертските поддржуваат активирање на сите домашни капацитети за стабилни цени во Македонија

Семакедонска средба во Штип – борбата за идентитетот и правата продолжува

Изградбата на автопатот Кичево-Охрид оди според планот, се најавува негово пуштање во мај следната година

Реформите во заврша фаза- Македонија во очекување на нови милиони евра од ЕУ преку Планот за раст

Се проширува достапноста на услугите на Алта банка – од понеделник се отвора експозитура во Прилеп

Костадиновски: Во 2023 година ѝ беше нанесен тежок удар на правната држава, се надевам грешките ќе бидат исправени

Мицкоски: За разлика од СДСМ и ДУИ кои се самоамнестираа, предлагаме закони кои ќе важат и за нас

Мицкоски: Состојбата во Европа е жестоко алармантна, но ќе се трудиме да нема поскапување

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Македонија

Не се одржа денешното рочиште од процесот за случајот Пендиков

Поради отсуство на второобвитениотБорче Ангелов од Битола, се одложи рочиштето од судскиот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Поради отсуство на второобвитениотБорче Ангелов од Битола, се одложи рочиштето од судскиот процес за случајот Пендиков.Во судницата не се појавија нити двајца сведоци. На барање на судијата, на наредното рочиште закажано за 16-ти април, тие ќе бидат спроведени со полициска асистенција.

“ Сметам дека се работи за купување на време дека намерно го одолговлекуваат процесот.Усно на рочиштето претходно беа известени дека ова рочиште ќе се одржи денес во 12 часот”– рече Стефан Камишевски,адвокат на Пендиков

Но на денешната главна расправа беше отсутен и Христијан Пендиков,неговиот адвокат потврди дека тој повеќе нема да доаѓал бидејќи бил сослушан,ќе се појавел само доколку имало потреба од дополнителни прашања поврзани со тепачката. Неговиот адвокат приложи невропсихијатриско вештачење и оштетено побарување во висина од 20.000 евра.

Реклама

 “Има нешто што вака привично ми падна во очи по однос на психијатриското вештачење кога невропсихијатар вештачи за физичката болка.Невропсихијатар може да вештачи само за душевната болка, а за физичка болка треба друг вид на специјалист да вештачи,така да ќе видиме во понатамошнот тек на постапката” –рече Димитрија Цобоски,адвокат на обвинетите

Судскиот процес по низа одлагања почна пред една година,сеуште се изведуваат доказите на обвинителството, а потоа со свои аргументи ќе настапи одбраната на двајцата обвинети Илија Спасески од Охрид  и Борче Ангелов од Битола, кои се теретат за исто кривични дело, нанесување на тешка телесна повреда.

Инаку пред почетокот на денешната расправа една од бугарските новинарки не дозволи судската полиција да изврши претрес на личните работи со кои влезе во судницата.

Росица Голобоска