Реклама

Туризмот расте – целите за 2030 постигнати четири годано порано, се најавуваат нови чартер летови до Охрид

Енергетска криза во Европа – експертските поддржуваат активирање на сите домашни капацитети за стабилни цени во Македонија

Семакедонска средба во Штип – борбата за идентитетот и правата продолжува

Изградбата на автопатот Кичево-Охрид оди според планот, се најавува негово пуштање во мај следната година

Реформите во заврша фаза- Македонија во очекување на нови милиони евра од ЕУ преку Планот за раст

Се проширува достапноста на услугите на Алта банка – од понеделник се отвора експозитура во Прилеп

Костадиновски: Во 2023 година ѝ беше нанесен тежок удар на правната држава, се надевам грешките ќе бидат исправени

Мицкоски: За разлика од СДСМ и ДУИ кои се самоамнестираа, предлагаме закони кои ќе важат и за нас

Мицкоски: Состојбата во Европа е жестоко алармантна, но ќе се трудиме да нема поскапување

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Македонија

Лефков: Пендаровски лажеше дека нема видено француски предлог

Стево Пендаровски лажеше дека нема видено Француски предлог, се одрекуваше и негираше,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Стево Пендаровски лажеше дека нема видено Француски предлог, се одрекуваше и негираше, за само по неколку месеци да признае дека Францускиот предлог е всушност изработен од него, изјави на денешната прес-конференција Миле Лефков, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник.

„Нема изјава која Пендаровски сам не си ја негирал. Со Стево Пендаровски граѓаните не знаат на што се, ниту пак кога ја говори вистината. Граѓаните уште не знаат дали Пендаровски нема видено Француски предлог или тој всушност го пишувал. Пендаровски конфузниот и манипулаторот е политичар кој не мисли за Македонија, туку на својот личен рејтинг. Изјавите ги дава како е опортуно за неговиот личен рејтинг во одреден момент. Едно е јасно, Пендаровски заедно со СДС се извор на сите проблеми кои Македонија ги имаше изминатите години. Со право народот вели дека немаме држава, време е да ја вратиме“, посочи Лефков.