Реклама

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Хаос на струшкото крајбрежје: Плажите десет години работат на диво, општината губи милионски суми

Аларм за безбедноста на храната, пеколот го скратува рокот на храната – АХВ ги засили контролите

Уште една, 5-та жртва од Западен Нил во Македонија, вирусот драматично се шири низ Европа

Гори на повеќе од 15 места, четири пожари се големи

Бура во ССМ – откази, суспензии и обвинувања за мобинг

Николоски: Интензивно се гради патот Прилеп – Битола

„Училишна кошничка“ со попуст до 15 проценти – треба да ги намали трошоците за почетокот на учебната година

Македонија

САД ги ставија на црна листа Катица Јанева и Стевчо Јакимовски

САД ги ставија на црна листа поранешната специјална главна обвинителка Катица Јанева…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

САД ги ставија на црна листа поранешната специјална главна обвинителка Катица Јанева и актуелниот градоначалник на општина Карпош, Стевчо Јакимовски поради „постапки со кои го поткопаа владеењето на правото и вербата на јавноста во демократските институции и јавните процеси на нивните влади“.

Покрај Јанева и Јакимовски, Стејт департментот ги санкционираше и нивните потесни членови на семејството – двата полнолетни синови на Јакимовски, Гоце Јакимовски и Дамјан Јакимовски, и сопругот и возрасниот син на Јанева, Венци Јанев и Лазар Јанев. Со овие санкции Јанева, Јакимовски и членовите на нивните потесни семејства се неподобни за влез во САД.

„Во нејзиното службено својство на поранешната специјална главна обвинителка, Јанева беше вмешана во коруптивни дела, вклучително и користење на нејзиното политичко влијание и официјална моќ за лична корист“, се наведува во соопштението од Стејт департментот.

Реклама

Од таму наведуваат дека постојат веродостојни информации кои Јанева ги побарала и примила поткуп за да влијае на обвинителството под нејзина надлежност.

За актуелниот градоначалник на општина Карпош и кандидат за претседател на Северна Македонија, Стевчо Јакимовски, во соопштението од Стејт департментот се вели:

„Во неговото службено својство како градоначалник на општина Карпош, Јакимовски беше вмешан во коруптивни дела, вклучително и користење на својата службена положба за мешање во урбаниот развој и процесите на набавки за да имаат корист за себе и за неговите соработници“.

Целта на санкциите е да ја потврдат посветеноста на САД за поддршка на владеењето на правото и зајакнување на демократските институции на целиот Балкан.

„Одделот ќе продолжи да ги користи сите достапни овластувања за промовирање на одговорност за корумпираните актери во регионот и на глобално ниво“, се наведува во соопштението на Стејт департментот.

На црната листа Стејт департментот го стави и поранешниот градоначалник на Качаник од Косово, Џабир Жарку поради вклулченост во коруптивни дејствија, вклучително и користење на својата позиција за мешање во процесите на набавки за незаконски да дозволи изградба на имот во сопственост на општината, за да има корист за себе и за неговите соработници.