Земјоделието пред колапс. Се повеќе запуштени ниви, а се помалку земјоделци во најплодната котлина во државата.Добар дел во Струмичко на кое во текот на една сезона се садеа и по неколку култури сега е пустош.
Наместо зеленчук, плевел…ваква е се почесто сликата во Струмичката Котлина. Нивите останале празни, а младите заминале во странство..
Плодното земјиште не успеа да го задржи младото население дома. Речиси и да нема куќа без иселеници во странство. Ако порано ова важеше за западниот дел на државата, сега е актуелна и во југоиточниот регион. 28годишниот Божидар од село Иловица е еден од ретките кои останале дома..

„Целото поле е празно. Нема кој да работи, луѓе не останаа сите побегнаа„ изјави земјоделецот Божидар од с.Иловица. .
Ваква е сликата и во соседните села во струмичкиот регион. Лошата аграрна политика е причина за младите мотиките ги заменат со билет во еден правец
„Моментално тешко се живее од земјодечлие. Се е поскапено, ѓубриво, семенски матрејал. Затоа младите бегат, немат интерес да останат овде. Полињата се целосно празни. Нема кој да работи, сите избегаа во странство„ велат жителите на селата Иловица и Сушица. .
Ништо поразлично не е и во струмичката општина Ново Село, која пред неколку години важеше за основен производител на храна за целата држава но и пошироко.
„Околу 40 до 50% од населението е веќе иселено во Швајцарија, Германија, Италлија и останатите европски земји. Жалам што голем дел од нивите остануваат необработени, но ете бараме со подобрување на условите за живот и со добивање на новата централна власт од страна на ВМРО-ДПМНЕ да ги подобриме условите, бидејќи има голем дел од граѓаните кои сакаат да се вратат дома и повторно да живеат овде„ изјави Ѓоре Божинов, градоначалник на Ново Село.
И резултатите од попследниот попис потврдуваат дека младите масовно си заминуваат од државата. На пописот во 2002-та лицата на возраст од 15 до 29години сочинувале 23,8% од вкупното население, а во 2021 се 5одсто помалку. Анализите покажуваат дека во изминатите две децении дури во 250 села во државата засекогаш згаснал животот.
Александра Ристевска
