Наместо да биде реконструирана, во еден ден беше срамната со земја куќата со историско значење и афтентичен изглед.На локацијата никна нова градба,двајцата инвеститори од кои едниот е контроверзниот Нефи Усеини, без одобрение од Општина Охрид, го срушија стариот објект.Нема спомен од оригиналниот објект кој што беше симбол на македонската борба и државност и во кој неколкумина беа осудени на смрт од бугарскиот фашистичкиот окупатор во 1941 година. Приложувајќи ни ја целокупната документација,градоначалникот Пецаков вели дека уште лани во месец август општинскиот градежен инспектор наредил отстранување на нелегалните доградби и затворање на градилиштето со полициска асистенција. Но инвеститорот ја отстранил жолтата лента и продолжил со градба.
“Сме го превзеле секој чекор што за нас е потребен како општина, што е во наша надлежност.Реагиравте дека е дивоградба? Не само реагирано,затворено и пломбирано и како објекти и поднесена е кривична пријава.Се е тоа завршено од страна на општина Охрид, понатаму институциите зошто не превзеле и не продолжиле, тоа е прашање за друго место”-Кирил Пецаков.
Охридскиот Завод и музеј има издадено мислење само за промена на кровот и санација на фасадата со зачувување на истиот изглед.Но овој значаен објект пред кој имаше и мермерна спомен плоча,не ќе можеше никој да го сруши доколку беше ставен под заштита на државата. Прашавме дали како институција превзеле нешто да се стопира градбата и кој ќе одговара за рушење на објектот и уништување на спомен плочата?

Завод и музеј Охрид: ”Спорниот објект во ниту еден период не бил прогласен за поединечно заштитено споменичко добро.Од тие причини истиот не можел да биде тргнат од заштита на државата, со оглед на тоа што никогаш не бил заштитен. За спомен плочата која претставува спомен обележје надлежна е Општина Охрид која води посебен регистар за спомен обележја. Во нашата евиденција спомен плочата никогаш не била евидентирана”
Спомен плочата ќе биде вратена во првобитна состојба вели градоначаникот Пецаков.И додека установата која треба да се грижи за заштита на спомениците на културата, вината ја префла на општината-министерката за култура се огласи преку фејсбук.За отстранување на спомен обележјето, на сторителите им биле изречени законски глоби.
За отстапувањето пак од проектот за реконструкција на значајниот објект и диво изградените доградби,се обративме и до ОЈО.Предметот велат од таму е во фаза на истрага.Претстои распит на обвинетите,по што ќе биде поднесено обвинението.Во меѓувреме на објектот се работи со полна пареа.
Новинар Росица Голабоска
