Реклама

Психолози за Алфа: Важно е разводот на децата да им се објасни како „нов начин на функционирање“

Пример и за државите од Европската Унија: Македонија меѓу земјите кои најмногу ги почитуваат човековите права

Градски воз, електрични автобуси- граѓаните задоволни што се решава проблемот со јавниот превоз

25 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, ДУИ не се појавија на одбележувањето

Втора шанса за матурантите: Успаните, препишувачите и оние кои беа фатени со мобилен денеска полагаа државна матура

Прв починат од Западно-нилска треска, прогласена епидемија во општините каде има зарезени

МВР им влезе во трага на крадците на транформатори од Железници

Судење за пожарот во „Пулс“: Објектот нелегално бил пренаменет во дискотека

Туризмот со добар ритам- странските гости ја држат сезоната

Шенген ги кочи македонските камионџии – превозниците бараат пофер правила

СДСМ се прогласија за безгрешни: Си препишаа успеси, но заборавија дека се носители и на најголемите порази

Сe помалку венчавки, се повеќе разводи – за 8% зголемен е бројот на растурени бракови

Прилози

„ВО ФОКУС“- Седум години власт на СДСМ и ДУИ- променето име, поткопани темели на државноста на Македонија

-Сега ќе ви кажам како ќе функционираме, кажа Ковачевски. –Како до сега,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

-Сега ќе ви кажам како ќе функционираме, кажа Ковачевски.

Како до сега, па кажа Ахмети.

Како до сега, па повтори Ковачевски.

Реклама

Седум години СДСМ и ДУИ. Епилогот – многу ветувања, реализација речиси нула. Ама добивме и многу работи кои воопшто не беа ветувани. На пример не беше ветена, ама исполнета промената на уставното име на Македонија.

Го донеле Заев да го менува името, ајде мајката, велеше Заев.

Да живее Македонија, да живее Република Северна Македонија, порача Заев.

Станува збор за неодговорна и тешка геостратешка грешка, кажа Заев.

Главната цел напредок на европскиот пат, но наместо тоа добивме само нови блокади, Атина ја крена рампата, но тоа ја охрабри Софија која излезе со уште поголеми барања.

Заев од позиција премиер на државата, ги рушеше позициите кои Македонија ги градела со години. Во стил бугарски премиер, кажа и дека Гоце Делчев, покрај македонски бил и бугарски херој.

На територија на регионална Македонија навистина живееле Македонци, кои зборувале македонски јазик, но живееле Бугари кои збореле бугарски јазик. Живееле луѓе кои што се чувствувале во исто време и Бугари и Македонци. Гоце Делчев е револуционер и за Бугарите и за Македонците, кој што се борел и за слободата на Македонија и за Одринско и за се и тоа е апсолутна реалност, изјави Заев.

Како и со промената на името и во однос на проблемите со Бугарија ветувано беше друго сценарио.

Преговори по нашиот идентитет, нема и не треба да има, ниту па бара, Бугарија е пријателска земја. Бугарија и јавно истакнува за признавање на македонскиот јазик и македонскиот народ, таа ја признава реалноста и слично, велеше Заев.

Демантот на овие тврдења на власта во Скопје дојде од речиси сите нивни колеги од Софија, а една од нив и поранешната министерка за надворешни работи на Бугарија, Теодора Генчовска.


Бугарија не отстапува во однос на ставот за официјалниот јазик на Република Северна Македонија. Целосно ја почитуваме одлуката на Народното собрание, според која Бугарија не го признава овој јазик, велеше Генчовска.

Заев го потпиша договорот за добрососедство, Ковачевски пак го прифати Францускиот предлог, со кој бугарските уцени станаа услови на Европската Унија за напредок на Македонија. Предлогот кој првично го одби.

Предлогот во ваква форма каква што е во моментов е неприфатлив за мене, дециден беше поранешниот премиер Димитар Ковачевски.

А потоа по само седум дена го прифати и го славеше во Собранието со високо кренати раце.

Да живеат граѓаните, да живее Република Северна Македонија, порача Димитар Ковачевски.

Ако некој во овие седум години доби, тоа сигурно е ДУИ. Али Ахмети се што побара, му беше исполнето, Интегративците станаа главни во македонската Влада. Покрај министерствата за надворешни работи, финанасии, економија, образование, ја добија и позицијата премиер на Македонија. За Ахмети Албанците во Македонија станале господари и државотворци.


Кога ја почнавме активноста, ја почнавме за да ја направиме Албанија, да нема граница, но политиките се сменија и избравме прагматизам, а не фанатизам. Ние избравме Албанците во Македонија да бидат државотворци, да бидат господари и да се залагаат во сопствената држава, а ова знаме денес е официјално и неприкосновено. Еве ја крвта на стотици војници, патриоти и Албанци. Албанскиот јазик е официјален и неприкосновен, порача Ахмети.

За возврат на сите потчинувања пред соседите добивме прва меѓувладина конференција со ЕУ за сликање, но не и реален старт на преговорите.
Единствено што Македонија доби на меѓународен план беше членството во НАТО, кое дојде откако го променивме името на државата.

Матеја Петровски