Реклама

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Хаос на струшкото крајбрежје: Плажите десет години работат на диво, општината губи милионски суми

Аларм за безбедноста на храната, пеколот го скратува рокот на храната – АХВ ги засили контролите

Уште една, 5-та жртва од Западен Нил во Македонија, вирусот драматично се шири низ Европа

Гори на повеќе од 15 места, четири пожари се големи

Бура во ССМ – откази, суспензии и обвинувања за мобинг

Николоски: Интензивно се гради патот Прилеп – Битола

„Училишна кошничка“ со попуст до 15 проценти – треба да ги намали трошоците за почетокот на учебната година

Македонија

Злоупотреба на државни ресурси за партиски цели – СДСМ

Власта продолжува да ги злоупотребува државните ресурси и државните проекти за предизборно…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Власта продолжува да ги злоупотребува државните ресурси и државните проекти за предизборно додворување на граѓаните.

Иако браната „Конско“ кај Гевгелија е капитален проект на министерството за земјоделство, односно на Владата, СДСМ очигледно си го препишува како свој партиски успех.

Освен соопштенијата со кои се фалат дека браната ја направил Социјал демократскиот сојуз, на свечениот чин беа присутни и претседателот на СДСМ, Ковачевски, неговиот претходник Заев, поранешниот министер за внатрешни Спасовски, како и претседателот Пендаровски.

Реклама

Ова претставува целосно подривање на концептот за техничка Влада која се  формира 100 дена пред избори токму за да се избегнат вакви злоупотреби и да се организира фер и демократски процес.

Од Министерство за земјоделство велат дека биле поканети сите сегашни и поранешни функционери кои дале придонес за проектот.

Во изградбата на овој проект беа вклучени многу луѓе и институции, кои дадоа свој придонес во реазлизирањето на проектот за изградба на браната Конско. Токму од овие причини, како министерство, сакавме да ги поканиме сите луѓе што дале придонес во овој проект од самиот негов почеток, да бидат дел од заокружувањето на овој важен капитален проект и на тој начин да им се оддолжиме за нивниот придонес” – велат од МЗШВ.

Интересно е тоа што на овој настан, каде се одбележа крајот на изградбата на браната, присуствуваше и Пендаровски – актуелен претседател кој претендира да добие втор мандат. Не само што кабинетот на претседателот на државата нема врска со овој капитален проект, Пендаровски се појави со своите сопартијци, очигледно да си собере политички поени.

Шефот на државата ја искористи оваа прилика и попатно отиде и во Струмица каде посети партиски штаб на СДСМ каде пристигна со службеното возило.

Не е прв пат државни функционери да ги злоупотребуваат ресурсите за партиски цели. Претходно, Бојан Маричиќ со службениот автомобил отиде да се потпише за претседателската кандидатура на Пендаровски. Од неговиот кабинет тогаш се правдаа дека имал набиена агенда и затоа го искористил тоа возило.

И ДУИ се познати по злоупотреба на автомобилите кои се платени од граѓаните. Високите функционери често пати до партиските настани се возат во владините удобни возила. А државните канцеларии ги користат за состаноци од партиски интерес.