Реклама

Прилепска трагедија: Поради пожарите и невремето градот на тутунот може да остане без тутун

Кавги, поделеност, ужасно низок рејтинг: Филипче бега од избори како ѓавол од темјан, го чека катастрофален пораз и крај за него

Десет километри, пет тунели и девет мостови – по децении конечно почна изградбата на автопатот Скопје–Блаце

Нов судир во врвот на СДСМ: Ковачевски и Филипче на различни страни за Дата-центрите

Да си против дата центрите е исто како да си против изградбата на хидроцентралите пред 100 години

Јанчев: Пожарот на депонијата „Мелци“ е напад врз градот има индиции дека е подметнат

Првиот синдикалец Трендафилов „замина во илегала“: Никаде го нема да одговори на обвинувањата на вработените

„Училишна кошничка“ со пониски цени: Приборот поевтинува 15%

Вчерашното невреме со град уништи огромни површини со тутун во долненскиот регион –

Пoмалку првачиња и затворени рурални училишта: Новата учебна година почнува со демографски предизвици и реформи

Кос: ЕУ ги менува правилата за проширување, не смееме да прифаќаме тројански коњи

Демографски аларм-се помалку ученици и студенти во Македонија

Македонија

СДСМ се скара со статистиката како наука: бројките од анкетите биле грешни, губеле, ама не за толку

Прво не чинеа медиумите, потоа агенциите кои ги правеа анкетите, а сега…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Прво не чинеа медиумите, потоа агенциите кои ги правеа анкетите, а сега грешни и нерелани биле бројките. Во изминатите неколку денови СДСМ, наместо да поготвуваат програма, да нудат решенија што би правеле во иднина, како и визија за Македонија, е влезена во кампања, од петни жили да докажува дека анкетите кои им предвидуваат катастрофален пораз не биле точни. Признаваат дека ќе изгубат, но разликата немала да биде толкава. Во кампањата предничи претседателот Пендаровски, кој сега е во трка за втор мандат.

Анкетите кои ги презентира ВМРО во јавноста се лага. Реалните анкети, нивни анкети кои не ги даваат во јавноста, дека тие се пандати под 45 пратеника, а ние сме над 35. Во моментов, рече Пендаровски.

Иако низа анкети последователно го покажуваат падот на довербата кон СДСМ, и растот на ВМрО-ДПМНЕ, социјал-демократите, се чини се решени да не им веруваат. Одеднаш вицепремиерот Маричиќ стана скептик за испитувањата на јавното мислење. И за него како и за Педнаровски анкетите биле лажни.

Реклама

Всушност вчера, паднаа во вода лажните анкети на ВМРО-ДПМНЕ дека тие воделе 2 спрема 1, 3 спрема 1, 100 000 разлика итн, рече Маричиќ.

И нивниот партиски лидер и довчерашен премиер Ковачевски за дел од рејтинг агенциите покажуваше заби. Сите анкети каде што се покажува дека СДСМ губат се чини дека социјал-демократите ги карактеризираат како лажни. Пред месец дена Ковачевски и за анектата објавена на МТВ, најде маана.

-Тоа што го гледаме на МТВ е анкета која е презема од еден институт којшто е многу близок со опозициската партија ВМРО – ДПМНЕ, тоа сите го знаеме историски и МТВ всушност само не потсетува како изгледаа медиумите до 2016 година, рече Димитар Ковачевски – претседател на СДСМ (08.02.2024)

Моментално најактуелни се претседателските изборите кои се ќе се одржат за месец ипол. И овие избори се очекува главната битка да биде во вториот круг, меѓу Пендаровски и Силјановска. Пред пет години, кога се случуваа големи промени во ВМРО-ДПМНЕ, нивната кандидатка отиде во вториот круг на изборите со 4500 гласа помалку од Пендаровски. Сега кога партиите се имаат консолидирано и атомоферата е поинаква се чини дека анкети кои за СДСМ се лажни, всушност ја покажуваат реалната слика во Македонија.