Без малку 40 000 потписи се собрани во изминативе неколку дена откако започна собирањето на потписи за можноста за кандидатура на претседателските избори. Овие 40 000 потписи се распределени меѓу 11 учесници, меѓу кои не се Гордана Силјановска која е кандидат на ВМРО-ДПМНЕ и Стево Педнаровски од СДСМ. Кому би припаднале овие потенцијални гласови кои се собираат како потписи?
Прв кој собра 10 000 потписи беше Бујар Османи, кој и официјално може да учествува во трката. Арбен Таравари собра речиси 8000 потписи, Максим Димитиревски 8400, Билјана Ванковска 6200, Стефче Јакимовски 4700. Останатите учесници имаа далеку помал број на собрани потписи.
Ваква шаренолокост на политичката сцена за претседателски избори не е честа појава. Се позивесно е 8 кандидати ќе учествуваат на изборите, од кои како што покажува праксата во Македонија, во вториот круг одат канидатите на најголемите партии односно ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ. Според дел од аналитиачрите, ваквата голема бројка на заинтересирани е ем да се измерат пред парламетнарните избори, но и во позадина има и политчки трикови за одземање на гласови од фавориот на изборите, односно Силјановска Давкова.

Во голем број држави доминираат две партии како во САД, В.Британија, Кина дури само една партија и прави чуда. Кај нас во политичкиот фонд има едно чудо партии што е и малку несимпатично. Бидејќи тие сакале или нејќеле, добар од нив и сакаат и се формирани со таа намера да им се наштети на главните партии. Во конкретниов случај на сметка на главната опозиција, вели Ристо Никовски – поранешен амбасадор.
Според Никовски, обидите за одземање на гласови од опозицијата се закана, но сепак атмосферата е јасна, Македонија бара промени. Поранешниот амбасадор вели дека овие претседателски избори се и идеална шанса за помалите партии да си направат анкета како би котирале на парлемантарните избори.
Мислам дека за добар дел од нив причината е за да се припремат односно да го мобилизираат гласачкото тело за парламентарните избори. Тие се свесни дека немаат никакви изгледи, а меѓу тие десетина кандидати има и некои кои имаат лични амбиции само даваат некаков фолклор на целиот изборен процес. Јасно е дека во вториот кург ќе одат двата кандидата на најголемите партии и тоа на некој начин е и добро, вели Ристо Никовски – поранешен амбасадор.
Сеуште се чека и како ќе одиграат и претендентите за кандидатура од албанската заедница во Македонија. Дали ДУИ своите гласвои би му ги дале на Пендаровски, со кого во последно време ја расипаа калимерата со законот за игри на среќа, како ќе постапат и од колацијата на Таравари, Гаши , Меџити и Касами, дали би повикале на поддршка за кандодатот на ВМРО-ДПМНЕ, дали за кандидатот на СДСМ или пак ќе остават нивните гласачи сами да одлучат.
