20 години од авионската несреќа во која загина поранешниот претседател Борис Трајковски
Денеска се одбележуваат 20 години од авионската несреќа во која животот го…
26.02.2024
Сподели:
Фото: Алфа Вести
Денеска се одбележуваат 20 години од авионската несреќа во која животот го загуби поранешниот претседател, Борис Трајковски, членовите на неговиот кабинет и екипажот на авионот. Точно на пладне, на градските гробишта во Бутел свежо цвеќе положи сопругата на поранешниот претседател на Македонија Борис Трајковски, Вилма Трајковска со членови од семејството, претседателот Стево Пендаровски и државни делегации. Претставници од владата, ќе положат свежо цвеќе и во Ротимље, близу Мостар, Босна и Херцеговина на спомен обележјето каде што се случи несреќата. Причините за авионската несреќа, која предизвика бројни контроверзии во јавноста, се истражуваа преку две истраги.. И во двата извештаја, како причина за падот на „кингерот“ се наведуват пилотски грешки и други индиректни системски пропусти.