Реклама

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Хаос на струшкото крајбрежје: Плажите десет години работат на диво, општината губи милионски суми

Аларм за безбедноста на храната, пеколот го скратува рокот на храната – АХВ ги засили контролите

Уште една, 5-та жртва од Западен Нил во Македонија, вирусот драматично се шири низ Европа

Гори на повеќе од 15 места, четири пожари се големи

Бура во ССМ – откази, суспензии и обвинувања за мобинг

Николоски: Интензивно се гради патот Прилеп – Битола

„Училишна кошничка“ со попуст до 15 проценти – треба да ги намали трошоците за почетокот на учебната година

Македонија

Граѓаните чекаат одговорност за хаосот во кој ги втурна Спасовски

Додека народот врие и од петни жили пробува да извади пасоши со…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Додека народот врие и од петни жили пробува да извади пасоши со новото уставно име, за кои образци нема, обвинителството се уште барем официјално не мрднало од мртва точка во врска со пријавите кон екс минситерот Спасовски кого голем дел од граѓаните го посочуваат како виновник за моменталната состојба.

Кривичните пријави од политичките партии кои стигнаа на сметка на Спасовски оти давал пасоши со старото уставно име иако знаел дека нема да важат во целосен рок туку само до февруари, се стасани во ОЈО и тие ги си работеле на случајот.

„Доколку бидат утврдени обележја на кривично дело, ќе постапиме согласно своите законски надлежности“

Реклама

А не кажуваат ни што ќе се случува во врска со набавката на 400 000 пасоши кои требале да стигнат месецов, во 5 до 12 се променила нарачката и се побарало да бидат испорачани само 20 000 патни исправи. За ова скандалозно сознание техничкиот министер Тошковски го известил и јавниот обвинител.

Од ОЈО велат дека за се што има потреба тие ќе работат доследно.

Во изминативе неколку дена техничкиот министер за внатрешни, Тошковски кажа дека заклучно со 18 месецов, во Македонија требало да пристигнат 400.000 обрасци за пасоши. Првичниот договор бил изменет со одреден акт во декември месец, па наместо 400 илјади, добавувачот имал обврска да испорача 22.000 обрасци. Од МВР за Алфа велат дека веќе имаат отворено постапка внатре во министерството.

„Во врска со договорот за набавка на патни исправи, ве информираме дека за истиот е отворена постапка при одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди“, велат од МВР.

Останува отворено прашањето зошто се направила ваква пормена во нарачките, кога според сите предикции се знаело дека интересот за промена на личните документи е најголем кон крајот на роковите. Дали некој намерно во очи на смената на министри во МВР направил ваков чекор или пак во прашање е нешто сосема трето?

И додека јавноста останува жедна за одговори, расте бројот на претставки пред Народниот правобранител еднакво на притисокот на шалтерите. Граѓаните се жалат на бројни прекршувања на нивните права. Тим на Народниот правобранител ќе го посети МВР да изврши увид како функционира издавањето на лични документи. Зибери ги повикува сите кои се засегнати да се обратат во канцеларијата на Омбудсманот за да добијат правна помош и поддршка.