Реклама

„Училишна кошничка“ со пониски цени: Приборот поевтинува 15%

Вчерашното невреме со град уништи огромни површини со тутун во долненскиот регион –

Пoмалку првачиња и затворени рурални училишта: Новата учебна година почнува со демографски предизвици и реформи

Кос: ЕУ ги менува правилата за проширување, не смееме да прифаќаме тројански коњи

Демографски аларм-се помалку ученици и студенти во Македонија

Ќе изгаснат еден, веднаш избувнува нов: По тешката ноќ на Китка, фронтот се пресели кај новиот пожар во Градско

Мицкоски: Не сме исти, ни на сон не би сакал да бидам како Венко Филипче и СДСМ

Мицкоски за „Брајтбарт“: Договор за нулта царини со САД, Брисел не предаде и излажа

Половина евро поевтини: Македонија останува „главна бензинска пумпа“ во регионот

Скопје под чад од пожари на Китка и Жеден

Контроверзниот Абази брои ситно: Расчистува пред да замине за да остави „чиста сметка“ пред тие што го поставија

На Филипче не може да му се најде крајот: Бил подготвен за избори, ама од соочување со народот бега како од ѓавол

Македонија

Скандалозен настап на Ковачевски: Влезе во отворена војна со медиумите на кои им предвиде дека ќе „квичеле“ во подрум

Медиумите во Македонија биле продадени, и тоа како евтини биткоини. На крајот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Медиумите во Македонија биле продадени, и тоа како евтини биткоини. На крајот ќе завршеле цвикајќи во некој си подрум и ќе молеле СДСМ да ги спасува. Ковачевски влезе во отворен судир со медиумите. Соочен со неминовен и катастрофален пораз на изборите, лидерот на СДСМ на партиска трибина во скандалозен настап, вината ја префрли врз сите медиуми, вклучувајќи ја и државанта телевизија. За ситно се продале и џабе фатиле страна.

Џабе фатиле страна, пак ќе квицкаат по некои подруми кога ќе ги стегнат како Андреј Петров кога ги вадеше од А1 телевизија тие кои сега пак се ставија во служба на тие кои ги напикаа по подруми ов 2010 година, 2011 година – рече Ковачевски.

Ковачевски не запре тука. Го говорот кој е директен напад врз слободата на говорот, тој ги навреди со обвинување дека сега пред избори им паднала цената па затое некој ги купил. Не го ни интересира што ќе кажело здружението на новинари.

Реклама

Е тоа ви е, кога медиумите ќе се стават во функција на една политичка партија. После ќе се освестат, ама касно е. Ќе трчаат во СДСМ да им ја врати демократијата, а они самите се продале, они уште сега се продаваат, пошто бит – коин велат се купува кога е најевтин. И морав ова да го кажам, па утре ќе се јави ЗНМ да се извиниме и ќе се извиниме – рече Ковачевски.

Ова не е прв пат Ковачевски директно да удри врз медиумите, да ги квалификува и навредува, само затоа што тие не ја пренесуваат розевата слика што само тој и неговата партија ја имаат за катастрофалната состојба во државата. Повод за најновата тирада, беше интервјуто на министерот Спасовски, но и објавувањето на резултатите од последната анкета на МРТВ.

„Тоа што го гледаме сега на МТВ е анкета преземена од еден Институт многу близок до ВМРО-ДПМНЕ. МТВ само не потсетува како изгледаа медиумите до 2016 година. Ова прашање треба да го доставите до амбасадорите Гир, до американската амбасадорка, до холандскиот амбасадор бидејќи тие многу често ги коментираат демократијата, слободата на медиумите, начинот на известувањето“, одговори Ковачевски на 08.02.2024.

Ваквиот непримерен напад врз медиумите, не е новост. Секоја издржана критика функционерите ја дочекуваат на нож. Приказната со Алфа, пак, е посебна бидејќи со години телевизијата ја доживуваат како трн во око. Притисокот врз „Алфа“ не остана само на закани – власта ги користи сите механизми кои и стојат располагање во обид да ја замолчи телевизијата па така, често е домаќин на различни инспектори, истражители, обвинители. И покрај сите проверки и чешлања на документацијата со години, досега не никој не успеа да најде ништо неправилно и незаконско.