24 април и 8 мај – и официјално граѓаните на Македонија излегуваат на долгоочекуваните избори. Новиот парламентарен спикер Митрески денеска во 17 часот попладне ќе го потпише решението за распишување на претседателските, но и на парламентарните избори. За 80-тина дена граѓаните ќе ја имаат моќта во свои раце и ќе решат кој ќе биде новиот претседател, но и кој ќе ја има власта во Собранието и ќе ја формира владата. Според политичкиот договор постигнат помеѓу партиите – првиот круг од седмите претседателски избори ќе се одржи на 24 април а вториот, заедно со единаесеттите парламентарни избори – на 8 мај.
Потпишувањето на правниот акт со кој се распишуваат изборите ќе биде денеска во 17:00 часот. Претседателот ќе ги распиште и претседателските и парламентарните избори – информираа од неговиот кабинет.
Откако ќе ги потпише Решенијата за распишување на изборите, Митрески треба истите да ги проследи до Државна изборна комисија, која според изборниот законик треба да усвои роковници – со тоа, почнуваат изборните дејствија.

Според изборниот законик владата, собранието, односно сите институции треба само да работат на одржување на системот и и спроведување на веќе започнатите проекти, вработувања и случно. Од денес до завршување на изборите, со државни пари не смее да се отпочне со изградба на патишта, објекти за општествени дејности, водоводи, далноводи и друго, освен ако за таа намена претходно се обезбедени средства од буџетот. Не може да се вршат исплати од буџетски средства, нема да може да се започне постапка за вработување. Министерството за финансии две недели по распишување на изборите поднесува предизборен финансиски извештај во кој ќе биде опфатен преглед на сите планирани и реализирани приходи и расходи од Буџетот.
Кампањата за претседателските избори се очекува да започне на почетокот на април, тогаш и ќе се распушти собранието. Се очекува кампањите за двата изборни процеси да се поклопат.
