Реклама

Скопје под чад од пожари на Китка и Жеден

Контроверзниот Абази брои ситно: Расчистува пред да замине за да остави „чиста сметка“ пред тие што го поставија

На Филипче не може да му се најде крајот: Бил подготвен за избори, ама од соочување со народот бега како од ѓавол

Николоски: Го разбирам незадоволството на превозниците, се обидуваме да им олесниме преку билатералните договори

Николоски: Се бара алтернативна траса за автопатот Ќафасан–Требеништа, Кичево–Охрид готов до 2027

Се сумираат пријавите од невремето во Скопје, следува обештетување

231 документ, копирани и сместени во осум кутии и седум сведоци: Артан Груби конечно седна на обвинителна клупа

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Македонија

Србија, Албанија, Косово, Црна Гора и БиХ треба да решат дали ќе дозволуваат влез со лична карта без „северна“

„Богородица“ и „Табановце“ засега со спуштени рампи без „северна“, а во Албанија…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

„Богородица“ и „Табановце“ засега со спуштени рампи без „северна“, а во Албанија може да се влезе и само со Република Македонија. Патувањето со лични карти во земјите од Западен Балкан конфузно, а македонското МНР ништо официјално не кажува.

Засега е познато дека граѓаните со стари документи без проблем влегле само на територија на Република Албанија преку граничните премини Ќафасан, „Блато“ и „Џепиште-Требиште“  согласно билатерланиот договор за признавање на лични и патни документи.

Дали во Србија, Албанија, Косово, Црна Гора и БиХ, каде се патува само со лични карти, ќе може да се влезе без зборот „Северна“ – останува неодговорено прашање.  

Реклама
  • Ова ќе биде покомплицирано, бидејќи личните карти ќе бидат валидни. Имаме комуникација не можам сега тоа да го говорам, до 12-ти да сработиме се што може максимум“ рече министерот за надворешни работи пред 4 дена.

Македонските граѓани кои, пак, се надвор од границите за да се вратат ќе мора да добијат патен лист кој чини 30 евра, и трае 30 дена но документот се уште не бил доставен до сите амбасади. Каде го има – а каде не, од МНР и за ова се уште нема одговор.

Во меѓувреме, 30 претставки само годинава се пристигнати и до Народниот правобранител бидејќи иако со важечки граѓаните се приморани да вадат нови лични и патни исправи поради новото уставно име.

  • Трендот на доставување на претставки од граѓани дека за краток временски период повторно се приморани да вадат нови документи и за тоа сами да платат продолжи и во оваа 2024 година (овој тренд почна кон крајот на минатата година), па од почетокот на годината до сега до Народниот правобранител се доставени над 30 претставки кои се однесуваат на овој проблем. Исто така, граѓаните се жалат и дека не можат да закажат термин за вадење лични документи“ велат од Канцеларијата на Народниот правобранител.

Народниот правобранител Насер Зибери, претходно алармираше дека граѓаните кои имаат важечка лична карта, не треба да плаќаат за нова само поради новото уставно име, туку тоа треба да се плати од државниот буџет.

  • „Како обврска што ја наметнува државата, поседувањето на личната карта, а како резултат на одлука на државата, да се променат личните карти, во тој случај логично е, граѓаните да не бидат изложени на трошоци, зошто таа обврска се наметнува не по нивна вина, не поради истек на исправата, туку како резулатат на одлука на владата, на собранието, односно, државата. И од тие причини сметам дека граѓаните треба да бидат поштедени од еден ваков трошок“ – реагираше Зибери во изјава за Алфа ТВ на 22.08.2023 година.

Практично, со престанокот на важност на патните документи граѓаните им се крши и уставно загрантираното право за слободно движење.