Реклама

Скопје под чад од пожари на Китка и Жеден

Контроверзниот Абази брои ситно: Расчистува пред да замине за да остави „чиста сметка“ пред тие што го поставија

На Филипче не може да му се најде крајот: Бил подготвен за избори, ама од соочување со народот бега како од ѓавол

Николоски: Го разбирам незадоволството на превозниците, се обидуваме да им олесниме преку билатералните договори

Николоски: Се бара алтернативна траса за автопатот Ќафасан–Требеништа, Кичево–Охрид готов до 2027

Се сумираат пријавите од невремето во Скопје, следува обештетување

231 документ, копирани и сместени во осум кутии и седум сведоци: Артан Груби конечно седна на обвинителна клупа

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Македонија

Можно ли е македонските граѓани да дишат чист воздух до 2050 година?

Македонските граѓани да дишат чист воздух до 2050 година,  да се ослободат…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонските граѓани да дишат чист воздух до 2050 година,  да се ослободат од грејната сиромаштија и да се стремат кон одржливо и почисто општество.

Ова се предлозите на невладината организација „Заедно за промена“, напишани во т.н. Иницијатива за чист воздух- Македонија 2050. Начинот на греење, урбанизацијата и транспортот се трите три области во кои мора веднаш да се реагира за да не се влоши и така веќе алармантната состојба со загадувањето.

– Има мотивација кај граѓаните. Тие сакаат да се грејат на чист начин. Ако граѓаните купат нова печка , ако сакаат да се грејат на дрва или на пелети, барем таа печка да биде многу ефикасна. И нив да не ги загадува, најмногу вредност да извадат од секое дрво и најмалку да ја загадуваат околината. Најубаво е да имаме ефикасна печка и да се грејат со суви дрва. Тоа има најголма економска вредност и дава најмногу топлина, вели Алекс Долстра, основачот на невладината „Заедно за промена“.

Реклама

Иницијативата предвидува ограничување за градење во области на ранливи категории граѓани, како што се градинки и болници, проширување на градското греење но и воведување на т.н. енергетска ознака за домување.

-Уште се градат згради или куќи без изолација тоа треба да се промени. Законски треба да се промени. Затоа што мора да има изолација. А кога ќе има изолација на куќи или на згради помалку енергија ќе трошиме, појаснува Долстра, кој искуствата ги црпи од Холандија.

Инфраструктурата и транспортот мора во најбрз рок да се регулираат и адаптираат. Мора да се внимава какви комерцијални возила се возат низ градските улици а старите возила да се заменат со нови.

-Низ градот, многу се користат комерцијалните возила. Треба да ставиме мерки за емисијата на гасови кои ги испуштаат тие возила,  емисијаа на гасови треба да биде минимална. Тие возила нон стоп се користат а не како приватните возила кои се користат од дома до канцеларија, за разлика на пример од таксистите кои возат цел ден, појаснува тој.

Алармот е вклучен веќе одамна, но засега единствена рекција од властите е во обратна насока, со кратење на Буџетот за животна средина и 0 денари за решавање не проблемот со аерозагадувањето.