Реклама

Прилепска трагедија: Поради пожарите и невремето градот на тутунот може да остане без тутун

Кавги, поделеност, ужасно низок рејтинг: Филипче бега од избори како ѓавол од темјан, го чека катастрофален пораз и крај за него

Десет километри, пет тунели и девет мостови – по децении конечно почна изградбата на автопатот Скопје–Блаце

Нов судир во врвот на СДСМ: Ковачевски и Филипче на различни страни за Дата-центрите

Да си против дата центрите е исто како да си против изградбата на хидроцентралите пред 100 години

Јанчев: Пожарот на депонијата „Мелци“ е напад врз градот има индиции дека е подметнат

Првиот синдикалец Трендафилов „замина во илегала“: Никаде го нема да одговори на обвинувањата на вработените

„Училишна кошничка“ со пониски цени: Приборот поевтинува 15%

Вчерашното невреме со град уништи огромни површини со тутун во долненскиот регион –

Пoмалку првачиња и затворени рурални училишта: Новата учебна година почнува со демографски предизвици и реформи

Кос: ЕУ ги менува правилата за проширување, не смееме да прифаќаме тројански коњи

Демографски аларм-се помалку ученици и студенти во Македонија

Македонија

Доколку сакате да патувате во странство ќе мора да ги смените и сообраќајните дозволи

Без сообраќајна дозвола со „Северна“ , нема поминување граница – Не само…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Без сообраќајна дозвола со „Северна“ , нема поминување граница – Не само пасошите и налепниците со НМК, ако сакате да ја напуштите Македонија со возило ќе мора да имате и сообраќајна со новото уставно име на државата.  Ова станува сериозен проблем за граѓаните зошто оние кои регистрирале возило минатата година, и се уште имаат важечка регистрација и сообраќајна сега имаат печат за важноста на сообраќајната со Република Македонија.

По  вчерашното „потсетување“ од МНР, на само три дена пред истек на рокот дека треба да се променат и сообраќајните дозволи, граѓаните револтирани . Упатуваат остри критики зошто до сега не биле информирани и зошто при последна регистрација на возилото не им била променет документот , па сега се изложени на дополнителен трошок . Дел се жалат дека претходно прашале „Дали треба да се менува сообраќајната дозвола “ , но им било кажано дека нема потреба .

Од Министерството за внатрешни работи потврдуваат дека за патување во странство потребно е да се поседуваат нови документи кои го содржат новото уставно име, но се уште останува неодговорено прашањето зошто до сега при редовни регистрации не биле променети сообраќајните дозволи.  

Реклама

Ве информираме дека за патување во странство потребно е да се поседуваат нови документи кои го содржат новото уставно име. Во однос на договорите за реципрочно признавање на возачки дозволи со странски земји, истите продолжуваат да важат“ велат од МВР.

Реципрочно признавање и замена на возачки дозволи врз основа на потпишан билатерален договор, македонија има со: Албанија, Босна и Херцеговина, Германија, Италија, Косово, Србија, Црна Гора, Шпанија и Британија.

Инаку, цена за менување на возачка дозвола е 390 денари, за регистарски таблици  1250 денари, а за сообраќајна дозвола -250 денари

Во однос на оние држави со кои имаме договор за влегување на туѓа територија само со лична карта, дали со старите документи ќе може да се влезе во некоја од балканските земји  од МНР немаат конкретен став. Дури сега комуницираат со Србија, Албанија, Црна Гора и Косово.