Реклама

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Македонија

Струшките негувателки извисија, Рамиз Мерко нема интерес да им го реши работниот статус

Струшките негувателки извисија, општината нема интерес да им го реши работниот статус,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Струшките негувателки извисија, општината нема интерес да им го реши работниот статус, а државата до сега немала пари нити слух за нивно вработување,иако со децении се ангажирани со договор на дело, некои дури цели 18 години.Откако се формира техничката владата новименуваниот министер за труд и социјала Ѓоко Велковски,ги зеде работите во свои раце и го провери целиот случај за кој вели дека сепка има надеж да се реши.Во меѓувреме и покрај тоа што негувателките не го добија толку очекуваното решение за работа, го прекинаа бојкотот и се вратија во градинките. Дека нити локалната нити централната власт немале намера да им го решат егзистенцијалниот проблем, говорат информациите од министерството за труд и социјална политика.Измината година раководството на градинката барало вработување на само 5 негувателки, а нив ги има 21-на на број.

  • ”Во текот на 2023 година,од градинката „8 Март“-Струга доставиле барање за обезбедување на финансиски средства за вработување на една виша медицинска сестра, 5 негуватели,еден воспитувач, како и за унапредување на едно лице на работно место-воспитувач.На 26.04.2023-та, министерството за труд и социјална политика се обратило со барање до министерството за финансии,но од таму е добиен одговор дека не може позитивно да одговори на барањето без изнесување на причините за таквото образложение” велат од Министерство за труд и социјална политика.

Со залагање на техничкиот министер Ѓоко Велковски, за почеток се обезбедени сретства за неколку вработувања.До тогаш неизвесно е за колку пари ќе работат негувателките кои  месечно земаат само 10.000 денари, а четири месеци во годината се на неплатен одмор. Платата која што ќе ја добивале како и условите за работа ќе биле согласно финансиските можности на градинката–стои во соопштението го испрати директорката Сања Србовска.Таа не одговори на прашање дали е точно дека на негувателките им е ветена плата од 9 до 15.000 денари.

Росица Голабоска