Реклама
Македонија

Расколот во АА продолжува: куршум како порака, тепчка во кафани- врие во партијата на Таравари

Битката на Алијанса за Албанците од социјалните мрежи се префрли на улиците.…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Битката на Алијанса за Албанците од социјалните мрежи се префрли на улиците. Тепачки, закани, порака со куршум. Откако претседателот на партијата Таравари побара поддршка од партиското собрание за да настапат на изборите со Европскиот сојуз за промени, расколот во партијата сериозно се продлабочи.

Во рок од 24 часа, двајца членови на Алијанса се тепале, но и е пред влезната врата на Таравари е оставен куршум. Праксата за ваквите пораки, кои најчесто ги гледаме на филмовите е дека примателот на пораката е во опасност.

Таравари тргнувал кон работното место кога го нашол куршумот пред својата куќа во Гостивар. Откако лидерот на Алијанса ги известил вработените во својот кабинет, еден од нив го пријавил случајот на гостиварската полиција по што е започнат увид на местото на настанот.

Реклама

Од СВР Тетово за Алфа велат дека работеле на случајот.

Денеска (5 февруари) во 9 часот и 34 минути Ј.Џ.(42) од Гостивар во СВР Тетово пријавил дека пред влезната врата од куќата на А.Т(50) во Гостивар било оставено, односно пронајдено зрно од автоматско оружје калибар 7,62 милиметри.Екипа од СВР Тетово – Одделение за внатрешни работи Гостивар извршиле комплетен увид, пронајденото зрно е фотодокументирано и подигнато за вештачење.Се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот.

Доцна вечерта пристигна и вест имало физички напад врз директорот за управување на одземен имот Дритон Небиу од истата партија. Небиу бил со семејството и пријатели во тетовски ресторан кога бил нападнат со кундак.

Небиу, во СВР Тетово пријавил физички напад кој се случил во угостителски објект, каде што отишол заедно со членови на партијата Алијанса за Албанците по завршување на партиската прес-конференција. СВР Тетово потврди дека случајот е пријавен синоќа во 19.40 часот.

СВР Тетово информираше дека се работи на расчистување на случајот.

Според пишувањата на медиумите на албански јазик, напаѓачот се смета за близок соработник и поддржувач на Таравари, додека пак Небиу вчера ја поддржа иницијативата на Зијадин Села.

Ваквите пресметки се чини се дирекна последица на одлуката на Таравари да се оддалечи од ДУИ.

Села вчера собра дел од членовите и претседателите на ограноците во партијата и на прес конференција соопшти дека ќе бара одговорност за Таравари што не ги почитувал одлуките на собранието, односно самосотен настап на Алијанса на изборите.

Од друга страна, пак, Таравари, на социјалните мрежи објави дека добива пораки за поддршка за неговата иницијатива и дека биле собрани 80 потписи од вкупно 133 члена во Собранието на Алијанса за Албанците и дека процесот на собирање потписи продолжува. Таравари доби поддршка и од Акедемија на Алијанса за албанците, како и од министерот Мерџити, Алиу.