Реклама
Македонија

Лажниот јубилеј на Кинотеката на Македонија- груба манипулација и злоупотреба на буџетски средства

Деновиве, министерката за култура Бисера Костадиновска стојчевска најави одбележување на значајни културни…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Деновиве, министерката за култура Бисера Костадиновска стојчевска најави одбележување на значајни културни јубилеи. Меѓу споменатите е и јубилејот „50 години Кинотека на Македонија“.

Поранешената директор на Кинотека на Македонија Мими Ѓоргоска илиевска во изјава за Алфа вели дека ова е една голема нелогичност бидејќи Кинотеката на Македонија, оваа година навршува четириесет и осум години, а не педесет, од започнување на својата значајна културна активност.

Предупредува дека ова е само груба ПР манипулација и уште една злоупотреба на буџетските средства од страна на директорот Владимир Ангелов и министерката за култура.