Реклама

Туризмот расте – целите за 2030 постигнати четири годано порано, се најавуваат нови чартер летови до Охрид

Енергетска криза во Европа – експертските поддржуваат активирање на сите домашни капацитети за стабилни цени во Македонија

Семакедонска средба во Штип – борбата за идентитетот и правата продолжува

Изградбата на автопатот Кичево-Охрид оди според планот, се најавува негово пуштање во мај следната година

Реформите во заврша фаза- Македонија во очекување на нови милиони евра од ЕУ преку Планот за раст

Се проширува достапноста на услугите на Алта банка – од понеделник се отвора експозитура во Прилеп

Костадиновски: Во 2023 година ѝ беше нанесен тежок удар на правната држава, се надевам грешките ќе бидат исправени

Мицкоски: За разлика од СДСМ и ДУИ кои се самоамнестираа, предлагаме закони кои ќе важат и за нас

Мицкоски: Состојбата во Европа е жестоко алармантна, но ќе се трудиме да нема поскапување

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Македонија

Нема кадар за градинките во Штип

Со сериозен недостаток од стручен кадар се соочуваат детските градинки во Штип.…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со сериозен недостаток од стручен кадар се соочуваат детските градинки во Штип. Двете градинки во Штип работат со педесетина негователки и воспитувачки помалку.  Најалармантна е ситуацијата во детската градинка Астибо, каде има потреба од 35 негователи и воспитувачи предвидени согласно критериумите за воспитно-згрижувачкиот процес. Ништо поразлично не е ниту во другата градинка Вера Циривири-Трена. Таму се потребни 12 нови вработувања со ваков профил. Освен стручен кадар, недостасуваат кувари, хигеничари и друг технички персонал. Клучот е во Министерството за труд и социјална политика од каде не даваат согласност за потполнување на веќе испразнетите места,

  „Директорите постојано алармират, бараат согласности, меѓутоа не ги добиваат. Како вработените заминуваат во пензија, работните места остануваат непополнети, а бројот на деца е исти во градиннките, такашто навистина треба да си виртуоз за да направиш таков распоред за да не трпи целиоит процес„ изјави Снежана Санева, раководител на Одделение за образование -Штип

Дополнителен проблем е тоа што не се издаваат лиценци за воспитувачи и негователи, без кои овие лица не можат да работат во предучилишните установи..

Реклама

„Комисијата не се состанува, не ги подготвува тие испити и не се добиваат лиценци. И сега кога би се дала согласност за вработување, може да се соочиме да немаме кадар, бидејќи тие не располагаат со потребните лиценци за да работат во градинките„ изјави Снежана Санева, раководител на Одделение за образование -Штип

Сличен ваков проблем деновиве актуелизираа и дваесетината негователките и воспитувачките во струшките градинки, каде со години работат  со договор на дело. И таму директорката до Министерството за труд и социјална политика поднела барање за вработувања, но биле одбиени .

Александра Ристевска