Реклама

Првиот синдикалец Трендафилов „замина во илегала“: Никаде го нема да одговори на обвинувањата на вработените

„Училишна кошничка“ со пониски цени: Приборот поевтинува 15%

Вчерашното невреме со град уништи огромни површини со тутун во долненскиот регион –

Пoмалку првачиња и затворени рурални училишта: Новата учебна година почнува со демографски предизвици и реформи

Кос: ЕУ ги менува правилата за проширување, не смееме да прифаќаме тројански коњи

Демографски аларм-се помалку ученици и студенти во Македонија

Ќе изгаснат еден, веднаш избувнува нов: По тешката ноќ на Китка, фронтот се пресели кај новиот пожар во Градско

Мицкоски: Не сме исти, ни на сон не би сакал да бидам како Венко Филипче и СДСМ

Мицкоски за „Брајтбарт“: Договор за нулта царини со САД, Брисел не предаде и излажа

Половина евро поевтини: Македонија останува „главна бензинска пумпа“ во регионот

Скопје под чад од пожари на Китка и Жеден

Контроверзниот Абази брои ситно: Расчистува пред да замине за да остави „чиста сметка“ пред тие што го поставија

Македонија

Фаќањето врски во инситуциите, причина за дел од нерасчистените случаи на семејно насилство

Директни врски во Центрите за социјални работи според техничкиот министер за труд…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Директни врски во Центрите за социјални работи според техничкиот министер за труд и социјална политика Ѓоко Велковски се причините што дел од жртвите на семејно насилство се незадоволни и ја губат довербата во институциите во битката со насилството.

Низ трите приказни на жртви на семејно насилство, во изминатиот период Тв Алфа ја претставуваше грдата слика на Центрите, во кои жртвите се ревиктимизирани, омаловажувани, а и самите тие сведочеа за влијанија во постапката и прикривање на докази кои ги поднеле.

Само за екс министерката Јована Тренчевска, Центрите за социјална работа си работотеле како што треба, а со тоа и таа повотрно ги ревиктимизираше жртвите, негирајќи ја нивната приказна исто како што тоа го правеле вработените во центрите. Сепак, нејзиното мислење не го дели техничкиот министер Велковски.

Реклама

За жал моето мислење е дека се тоа директни врски, помеѓу оние кои што го стоиле делото со дел од вработените… бидејќи во прашање е човечкиот фактор. Одлуката е кај тимот на ЦСР кои што треба да се грижи односно да го расветли случајот дали некој сторил некое одредено дејствие. Тука се тие врски. Врските можеби потекнуваат од две страни едно е она што значи пари , а друго е блискост со некого, вели техичкиот министер Ѓоко Велковски.

И Адвокатот Јанаки Митровски сведочи за ваквите дејствија во Центрите за социјални работи.

Конкретно ќе ви кажам дека во скопскиот Центар за социјлани работи постои ноторна адвокатка која се јавува на сите сомнителни , по мое субјективно гледиште, сомнителни случаи, влијае, а под влијание не мислам на корупција со пари, туку едноставно да се влијае на одлуките на Центарот за социјални работи , вели Митровски.

Техничкиот министер уверува дека во перидот кој што следи ќе ги посети сите 30-на Центри низ државата и една од пораките кои ќе бидат испратени е постапувањето само по закон. 

– Само согласно закон да се процесуираат сите работи , да се знаат навремено и да нема други дејствие во кое ќе има оштена страна. Секое вакво не професионално оденсување или ваков случај ќе биде исконтролиран од моја страна, од нашите инспекции кои што ќе работат на терен и тие ќе бидат будното око во Центрите за социјална работа.

Непостапувањето во слуачи на семејно насилство, лани доведе до три фемициди во само еден месец . А македонската јавност се уште е во шок по громзоморното чедоморство, кога татко си ја уби на 2-годишната ќерка.