Реклама

Туризмот расте – целите за 2030 постигнати четири годано порано, се најавуваат нови чартер летови до Охрид

Енергетска криза во Европа – експертските поддржуваат активирање на сите домашни капацитети за стабилни цени во Македонија

Семакедонска средба во Штип – борбата за идентитетот и правата продолжува

Изградбата на автопатот Кичево-Охрид оди според планот, се најавува негово пуштање во мај следната година

Реформите во заврша фаза- Македонија во очекување на нови милиони евра од ЕУ преку Планот за раст

Се проширува достапноста на услугите на Алта банка – од понеделник се отвора експозитура во Прилеп

Костадиновски: Во 2023 година ѝ беше нанесен тежок удар на правната држава, се надевам грешките ќе бидат исправени

Мицкоски: За разлика од СДСМ и ДУИ кои се самоамнестираа, предлагаме закони кои ќе важат и за нас

Мицкоски: Состојбата во Европа е жестоко алармантна, но ќе се трудиме да нема поскапување

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Македонија

Власта гони македонци за веење на знамето од Кутлеш. Започна прекршочна постапка против охриѓанец

Адвокатот Тони Менкиноски не единствениот кој седна на обвинителна клупа за истакнување…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Адвокатот Тони Менкиноски не единствениот кој седна на обвинителна клупа за истакнување на знамето со сонцето од Кутлеш. Овој пат полицијата поведе прекршочна постапка за нарушување на јавниот ред и мир против охриѓанецот Александар Ѓурчев, затоа што лани на 27-ми април беше еден од присутните кои во знак на поддршка на уставобранителите, обвинети за терористичко загрозување на уставниот поредок на дел од бедемот на Самоиловата тврдина кај Долна Порта,поставија 40 метарско знаме со сонцето од Кутлеш.

-Не се чувствува виновен, го почитувам знамето кое го истакнав. Тоа беше национално знаме на Македонија извесен период-истакна Ѓурчев.

” Сите сме сведоци дека ова знаме може да го забележиме на бројни спортски натпревари и културни манифестации и дека е општо прифатено од голем број жители во државата. Немав намера да ги омаловажам државните симболи и да ја навредам државата. На местото каде го поставив знамето немаше во близина ниту едно друго знаме, не покрив ниту едно друго знаме, немаше пароли и натписи поставени од моја страна. Уште како дете, кога ме носел мојот дедо во црква, сум го гледал насекаде ова знаме за кое сум емотивно врзан” , вели Ѓурчев.

Реклама

Адвокатот Тони Менкиноски овој пат во улога на бранител, во завршните зборови побара ослободителна пресуда за Ѓурчев, бидејќи како што рече не повредил нити еден закон или меѓународен акт за кој се обвразала Македонија.Македонското знаме од Кутлеш претставува национален симбол на македонците и истото е користено како државно знаме на Македонија.

Инаку после половина година одложување,на 15 март продолжува  судскиот процес противадвокатот Тони Менкиноски, затоа што го постави40 метарското знаме со сонцето од Кутлеш на бедемот од Самоиловата тврдина кај Долна Порта за време на христијанскиот празник Богојавление Водици.

Росица Голабоска