Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

Збогум за Ковачевски – премиерот кој не беше избран од народот, си поднесе оставка

Дојде без избори, неговиот мандат го одбележаа коруптивни скандали каде беа вмешани…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Дојде без избори, неговиот мандат го одбележаа коруптивни скандали каде беа вмешани високи функционери, стагниравме во реформите, а за тоа постојано предупредуваше меѓународниот фактор, бевме уценувани и негирани од источниот сосед, се прифати францускиот предлог против волјата на најголемиот дел од граѓаните, а тоа ги заглави евроинтеграциите бидејќи втората меѓувладина е условена со уставните измени. Често пати гневот се истураше на улица – сепак, Димитар Ковачевски е задоволен од сработеното. Премиерот во заминување лично ја достави оставката во Законодавниот дом. Кратко се сретна со неговиот наследник. На средбата биле потврдени заложбите за влез на Македонија во ЕУ.

Јас дојдов со друго искуство во водење на корпорации, така што, веројатно стилот ќе биде различен, меѓутоа државата секако дека ќе го задржи својот стратешки правец, а тоа е западната ориентација, стратешкото партнерство во САД и техничката влада исто ќе се грижи за граѓаните бидејќи сè уште сме во криза така како што ние тоа го правевме во изминатите две години. Ова е нешто што е предвидено според закон, на 9 мај повторно Владата ќе ја предводам јас и ова парламентарно мнозинство коешто ќе обезбеди полноправно членство на Република Северна Македонија во ЕУ до 2030 година, рече Ковачевски.

И Џафери, подготвен да седне на фотелјата на Ковачевски, поднесе оставка од претседател на Собранието.

Реклама

Денес претседателот на Собранието Талат Џафери, поднесе оставка на функцијата согласно Член 115 од Деловникот за работа на Собранието. Воедно, известуваме дека го овласти потпретседателот на Собранието, Горан Мисовски, да претседава со пленарната седница закажана за 26 јануари 2024 година – информираа од собраниската прес-служба.

Утре по констатирањето на оставките, ќе се бира претседател на собранието, а во сабота Џафери ќе поднесе до собранието предлог владин кабинет и програма. Техничката влада која треба да биде изгласана најдоцна до недела на полноќ, се бира на 100 дена пред договорениот термин за парламентарните избори – 8 мај.