Реклама

Скопје под чад од пожари на Китка и Жеден

Контроверзниот Абази брои ситно: Расчистува пред да замине за да остави „чиста сметка“ пред тие што го поставија

На Филипче не може да му се најде крајот: Бил подготвен за избори, ама од соочување со народот бега како од ѓавол

Николоски: Го разбирам незадоволството на превозниците, се обидуваме да им олесниме преку билатералните договори

Николоски: Се бара алтернативна траса за автопатот Ќафасан–Требеништа, Кичево–Охрид готов до 2027

Се сумираат пријавите од невремето во Скопје, следува обештетување

231 документ, копирани и сместени во осум кутии и седум сведоци: Артан Груби конечно седна на обвинителна клупа

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Македонија

Арбр Адеми се уште го држи во фиока Законот за аудиовизуелни медиумски услуги иако е со Европско знаменце

И денеска на кочница е Законот за аудиовизуелни медиумски услуги со кој…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

И денеска на кочница е Законот за аудиовизуелни медиумски услуги со кој треба да се сопре пиратеријата на телевизиските програми во Македонија.

Пратеникот на ДУИ, Арбр Адеми никако да го стави законот кој е со европско знаменце на дневен ред на Комисијата за европски прашања.
Ова законско решение треба да ја спречи енормната пиратерија на канали од регионот и други странски канали, со што се прави директна штета и на корисниците, но и на телевизиите и на кабелските оператори. Со носење на овој закон треба да се регулира и телевизискиот пазар според комерцијални принципи. Ваквото законско решение треба да помогне во унапредување на правата на медиумските работници. Со законот за аудиовизуелни медиумски услуги треба да се регулира и правото за емитување кампањи од јавен интерес, особено од областа на здравствената заштита. За потсетување откако медиумите ја објавија информацијата дека министерот Азир Алиу размислува да ја напушти позицијата поради блокада на пакетот европски закони – на веб-страницата на Собранието експресно се појавија четири законски решенија на собраниската агенда. Но, меѓу нив не е и Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги кој помина прво читање во Собранието, но повеќе месеци е заглавен пред Комисијата за европски прашања со која претседава пратеникот од ДУИ, Арбр Адеми, кој не закажува седница на комисијата за овој Закон.