Реклама

Сиљановска и Јаневска на првиот академски час на УКИМ

Клековски: Современа терапија за цистична фиброза примаат 126 пациенти, меѓу нив и деца над две години

Настап на Венко Филипче во Собранието: Премиерот го нарече идиот, критичарите ќе ги газел како шлепер жаба

Николоски од Брисел: Изградбата на автопатите и железницата се стратешки приоритет за Македонија

ДЗР: „Мој термин“ 738 дена без договор за одржување, Клековски најави план за надминување на проблемите

Мицкоски до студентите на УГД: Каде и да одите, вратете се дома со знаење, со искуство, со идеи, за заедно да ја градиме Македонија

Кос: ЕУ во вторник ќе ги соопшти новите модели за интеграција, членството во ЕУ носи раст на БДП и до 50%

АНБ разоткри мрежа од псевдо-портали коишто ширеле руска пропаганда

Николоски од Брисел: Изградбата на автопатите и железницата се стратешки приоритет за Македонија

Николоски од Брисел: Инвестициите во инфраструктурата и растот на економијата препознаени и потврдени од Европската Унија

Полициска акција во Прилеп, Струга и Скопје за сузбивање трговија со дрога – над 17 уапсени

ЕУ со нов план за кандидатите – Македонија поблиску до Европскиот пазар

Свет

Ќе бидат ли годините пречка за претседателската трка на Бајден и Трамп?

Поранешниот претседател Доналд Трамп се соочува со 91 обвинение за кривично дело,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Поранешниот претседател Доналд Трамп се соочува со 91 обвинение за кривично дело, и најмалку едно судење по тие обвиненија.

Здравствените проблеми, пак, би можеле да влијаат на претседателот Џо Бајден, кој има 81 година.

„На насловни страници – „Џо Бајден бил стар и тоа е големо прашање. За Трамп, тоа не важи“, рече Бајден.

Реклама

Трамп, пак, има 77 години.

„Големата ноќ ќе биде во ноември кога ќе ја вратиме нашата земја“, рече Трамп.

Но, што ќе се случи ако некој од нив умре или не е способен да учествува на изборите во ноември?

Ако тоа се случи пред нивните партиски конвенции, некои држави може да ги продолжат датумите за изборите и да дозволат повеќе кандидати да влезат во трката.

Победникот на прелиминарните избори е официјално објавен како претседателски кандидат на партијата на конвенцијата на секоја партија. Републиканците ќе го направат тоа во јули, додека демократите во август. Ако некој фаворит испадне и ниту еден кандидат не постигне мнозинство, делегатите можат да номинираат друг.

„Ќе има слобода тие делегати да преговараат. Може да се избере некој, што воопшто не се кандидирал – тоа и претходно се случило во нашата историја. Но, на конвенциите се одлучува кој ќе биде кандидат за Републиканската или Демократската партија“, вели Џон Фортиер од Американскиот институт за претпријатија.

Доколку кандидатот се откаже по конвенцијата, партиите повторно ќе ги соберат делегатите за да изберат замена – но нема гаранции дека тоа ќе биде потпретседателот.

По изборите, тоа е сличен процес. Дури и ако, да речеме, Бајден победи и не може да служи, неговиот потпретседател, во случајов Камала Харис, нема по автоматизам да го замени, додека електорите повторно не гласаат.

Но, што ќе се случи ако избирачите не можат да се договорат?

„Во тој момент, изборите одат во Претставничкиот дом ако ниту еден кандидат не може да постигне мнозинство. Со тоа, изборите би завршиле во нешто со кое не сме се соочиле стотици години“, вели Мајкл Торнинг, Двопартиски центар за политики.

Доколку новоизбраниот претседател умре откако Конгресот ќе го потврди изборниот резултат на 6-ти јануари, новоизбраниот заменик или потпретседател ќе биде инаугуриран за претседател.

Ваквите сценарија може да станат исклучително неуреден процес кој може да се одолговлекува по судовите, особено ако резултатот е оспорен.

По опсадата на американскиот Конгрес од поддржувачите на Трамп на 6-ти јануари 2021 година, ситуацијата повторно може да излезе од контрола.

Јованчо Наумоски, Глас на Америка – Вашингтон