Реклама

Скопје под чад од пожари на Китка и Жеден

Контроверзниот Абази брои ситно: Расчистува пред да замине за да остави „чиста сметка“ пред тие што го поставија

На Филипче не може да му се најде крајот: Бил подготвен за избори, ама од соочување со народот бега како од ѓавол

Николоски: Го разбирам незадоволството на превозниците, се обидуваме да им олесниме преку билатералните договори

Николоски: Се бара алтернативна траса за автопатот Ќафасан–Требеништа, Кичево–Охрид готов до 2027

Се сумираат пријавите од невремето во Скопје, следува обештетување

231 документ, копирани и сместени во осум кутии и седум сведоци: Артан Груби конечно седна на обвинителна клупа

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Македонија

Казна или обид за дисциплинирање?-Владата сака да ја сели Комисијата за борба против дискриминација

Диригент без да си го праша оркестарот . Владата донела скандалозна Одлука…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Диригент без да си го праша оркестарот . Владата донела скандалозна Одлука за одземање на просториите на комисијата за борба против дискриминација и нивно отстапување на Агенцијата за цивилно воздухопловство. Дислоцирањето на комисијата, се прави  без воопшто да се консултираат членовите, а за скандалот да биде уште поголем тие не добиле никакво известување дека треба да ги напуштат просториите и тоа во рок од 8 дена откако била донесена Одлуката. Ова,  според поранешната претседателка на комисијата е преседан .Весна Бендевска во емисијата „ За или против“ на ТВ Алфа, посочува оти токму тие просториите биле доделени на трајно користење поради независноста која комисијата мора да ја има.

За мене беше шокантно. Ден денес во комисијата не сме добиле известување, архивски заверено од Влада, дека на 207-та седница на 12 декември донела ваква одлука и веднаш ја објавила во законскиот рок во Службен весник, што значи дека оваа одлука стапува во сила. Она што е неприродно е што одлуката гласи “Oдлука за престанок и за давање на трајно користење на недвижни стари на Агенција за цивилно воздухопловство“ . Разбравме кога двајца претставници дојдоа и прашаа до кај сте со селидбата, веднаш почнавме да бараме одговори, беше толку шокантно, вели Бендевска

Ваквата одлука отвора прашања и дилеми : Дали Владата сака да им одржи некаква лекција на идните членови со оглед на тоа дека одземањето на просториите се случува во време кога завршува мандатот на актуелниот состав, или пак комисијата боди очи со тоа што не ги премолчува скандалите кои ги прават членови на власта?

Реклама

Досега во овие 1000 претставки до Комисијата многу често ги добиваме против институциите, бидејќи се разбира потенцијален дискриминатор може да биде само носител на некаква моќ. Затоа е битно, за да можат граѓаните да се чувствуваат слободни да дојдат без притисок да поднесуваат претставки, да побараат мислења, треба да сме одвоени .Би било погубно доколку одлуките кои се засноваат на закони се причина за удар

Бендевска открива дека на средба помеѓу владини претставници и раководството на Комисијата, било понудено да им се дадат простории на 10-от кат во зградата на МРТ , што ќе се одрази на независноста на комисијата оти во истата зграда има канцеларии од неколку министерства.

Неофицијално, им ветиле оти одлуката ќе биде сторнирана , но до сега за такво нешто нема известување. Алфа праша во Владата , зошто е одлучено да се дислоцираат просториите и каде ќе работи комисијата, но од Илинденска молк.

Инаку,  Комисијата за дискриминација прва реагираше за одлуките за контроверзните имиња на бугарските клубови, најавија и тужба против Министерството за образование за недостатокот на учебници и е институција која заедно со антикорупциска доби највисока оценка во извештајот на ЕК.