Реклама

Скопје под чад од пожари на Китка и Жеден

Контроверзниот Абази брои ситно: Расчистува пред да замине за да остави „чиста сметка“ пред тие што го поставија

На Филипче не може да му се најде крајот: Бил подготвен за избори, ама од соочување со народот бега како од ѓавол

Николоски: Го разбирам незадоволството на превозниците, се обидуваме да им олесниме преку билатералните договори

Николоски: Се бара алтернативна траса за автопатот Ќафасан–Требеништа, Кичево–Охрид готов до 2027

Се сумираат пријавите од невремето во Скопје, следува обештетување

231 документ, копирани и сместени во осум кутии и седум сведоци: Артан Груби конечно седна на обвинителна клупа

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Македонија

Пецаков го препороди Охрид – општината за прв пат е без долгови

Општина Охид повеќе нема нити еден денар долг, актуелната локална власт на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Општина Охид повеќе нема нити еден денар долг, актуелната локална власт на која и тежеа околу 14 милиони евра, успеа да ја спаси и раздолжи општина од долговите во кои со децении тонеше. Градоначалникот Пецаков на почетокот од својот мандат наследи дупка од 22 милиони евра, удавена во долгови Општина Охрид беше блокирана поради недомаќинско работење инаправените двоцифрени милионски долгови изразени во евра,кои од година во година се таложеа.

Општина Охрид за прв пат после долги години има нула долг по основ на судски извршни решенија и од денес Општина Охрид се вбројува помеѓу малкуте институции во Македонија која нема заостанат долг. При преземањето на раководењето Општината ја затекнавме со вкупен долг од околу 14 милиони евра. Оваа бројка не го вклучува долгот кој општинските јавни прептријатија го имаат.  Веднаш пристапивме кон финансика консолидација и изготвување на план за раздолжување”-рече Кирил Пецаков, градоначалник на Охрид

Пецаков доблесно, ги спомна напорите кои биле вложувани во минатите десетина години на локалните раководства за раздолжување на општината и 8-те милиони евра кои Владата ги додели на Општина Охрид со единствена намена за раздолжување на градот чиј долг во еден период изнесувал дури 33 милиони евра.

Реклама

 “Актуелното раководство на Општина Охрид во изминатите нешто повеќе од 2 години има самостојно без помош вратено 30% од вкупниот долг кој што го имала Општина Охрид, а притоа не заостанувајќи со реализацијата на инфраструктурните проекти,  инвестициите во повеќе сфери и директната поддршка на граѓаните и здруженијата”-изјави Пецаков

Конечното раздолжување на Општина Охрид значи почеток на нормално фукнционирање на локалната самоуправа, посветената работа вроди со плод во начинот на прибирање на приходите на општината, рече Пецаков. Зголемувањето на приходите од повеќе ставки и домаќинското работење придонесе за враќање на вкупниот милионски долг што го имаше локалната самоуправа. Тој најави раздолжувањето на општинските јавни претпријатија,а многу скоро и одблокирање на сметката на јавното претпријатие “Нискоградба ” кое за две години од своето формирање акумулирало долг од еден милион и 200.000 евра.

Росица Голабоска