Од 2016та до 2023та, министерството на Спасовски, прераспределило околу 11 илјади полицајци, и тоа над 20 000 пати – причините различни, неподобни за власта, реваншизам и слично. Во просек, најмалку еднаш секој полицаец. Синдикатите го вклучија алармот. Велат, од станица на граница, од граница во администрација, и слични разместувања доведуваат до неискуство и недостаток на професионализам кај полицајците, а со тоа се нарушува и безбедноста на граѓаните.