Реклама

Сиљановска и Јаневска на првиот академски час на УКИМ

Клековски: Современа терапија за цистична фиброза примаат 126 пациенти, меѓу нив и деца над две години

Настап на Венко Филипче во Собранието: Премиерот го нарече идиот, критичарите ќе ги газел како шлепер жаба

Николоски од Брисел: Изградбата на автопатите и железницата се стратешки приоритет за Македонија

ДЗР: „Мој термин“ 738 дена без договор за одржување, Клековски најави план за надминување на проблемите

Мицкоски до студентите на УГД: Каде и да одите, вратете се дома со знаење, со искуство, со идеи, за заедно да ја градиме Македонија

Кос: ЕУ во вторник ќе ги соопшти новите модели за интеграција, членството во ЕУ носи раст на БДП и до 50%

АНБ разоткри мрежа од псевдо-портали коишто ширеле руска пропаганда

Николоски од Брисел: Изградбата на автопатите и железницата се стратешки приоритет за Македонија

Николоски од Брисел: Инвестициите во инфраструктурата и растот на економијата препознаени и потврдени од Европската Унија

Полициска акција во Прилеп, Струга и Скопје за сузбивање трговија со дрога – над 17 уапсени

ЕУ со нов план за кандидатите – Македонија поблиску до Европскиот пазар

Свет

Републиканците во Претставничкиот дом започнаа истрага за импичмент на главниот функционер за имиграција на Бајден

Покрај истрагата за импичмент на американскиот претседател Џо Бајден, републиканците во Претставничкиот дом…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Покрај истрагата за импичмент на американскиот претседател Џо Бајден, републиканците во Претставничкиот дом оваа недела започнаа уште една истрага за импичмент на секретарот на Одделот за внатрешна безбедност Алехандро Мајоркас.

„Секретарот Мајоркас постојано го лажеше американскиот народ и Конгресот на САД. Нашата истрага откри повеќе од 100 случаи каде секретарот Мајоркас ја доведе јавноста до заблуда“, рече Марк Грин, претседател на Комитетот за домашна безбедност на Претставничкиот дом.

Реткиот обид за отповикување службеник на администрацијата наиде на осуда од демократите кои велат дека Мајоркас не може да се соочи со смена од функцијата поради спроведување политики.

Реклама

„Ова не е легитимен импичмент. Републиканците сакаат да фрлаат политичка црвена боја во нивната база и да ги задржат парите од нивната кампања. Тие веќе знаат дека нивното тенко мнозинство се намалува“, вели демократот Бени Томпсон.

Претходно оваа недела, Мајоркас ги бранеше своите постапки, велејќи дека ситуацијата на границата на САД со Мексико е дел од невиденото ниво на миграција низ западната хемисфера.

„Сега ни треба Конгресот да го направи својот дел и да дејствува. Нашиот имиграциски систем е застарен и има потреба од реформи буквално со децении“, рече Алехандро Мајоркас, секретар за внатрешна безбедност.

Двопартиска група пратеници во Сенатот со недели преговараше за усвојување на промени во системот за имиграција како дел од дополнителното барање на Белата куќа за национална безбедност, кое вклучува 60 милијарди долари помош за Украина. Републиканците во Сенатот велат дека нема да одобрат поголема помош додека САД не ја обезбедат својата граница.

„Зошто не можат да сфатат како да ја обезбедат јужната граница? Сега секретарот Мајоркас ќе застане пред вас и ќе ви каже дека границата е безбедна. Знаеме дека не е“, рече републиканката Марша Блекбурн.

Иако првиот човек на Сенатот, републиканецот Мич Меконел ја нарече ситуацијата на границата „кризна“, тој исто така ги повика пратениците да продолжат да работат на решавање на меѓународните безбедносни закани.

„Нашата нација се соочува со најсериозните предизвици за националната безбедност од падот на Советскиот Сојуз, а одговорноста на Сенатот останува неисполнета“, вели Мич Меконел, лидер на малцинствата во Сенатот.

Според Пентагон, САД ја испратиле конечната одобрена исплата на помош за Украина на крајот на декември. Скоро 14 милијарди долари помош за Израел и финансирање за борба против кинеското влијание во Индо-Пацификот се во мирување додека не се постигне договор за имиграцијата.

„Донесувањето на дополнителна помош ќе биде сигнал на Америка до светот дека ние сме на вистинскиот пат“, рече Чак Шумер, лидер на мнозинството во Сенатот.

Малку е веројатно дека Шумер ќе го започне судењето на Мајоркас во Сенатот кој има мнозинство демократи доколку Домот, пак, кој има мнозинство републиканци кои ќе изгласаат импичмент.

Јованчо Наумоски, Глас на Америка – Вашингтон