Реклама
Македонија

Власта си ја ишка мувата од капата по критиките за корупцијата

Попусто холандскиот амбасадор Коп критикува, кога нема кој да го слушне. Власта…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Попусто холандскиот амбасадор Коп критикува, кога нема кој да го слушне. Власта како да не ја разбра сериозноста на неговата порака, во која имаше дипломатска бомба – дека Холандија сериозно се подготвува да крене рампа за Македонија на патот кон ЕУ поради се подлабоката корупција и криминал. Премиерот Ковачевски бара имиња и презимиња, а министерот Османи излезе со небулоза – тоа не било критика за ДУИ, туку амбасадорот седнал со Ахмети за да од него бара подршка како лидер на партија која, најмногу се борела за владеење на правото.

Ова е продолжување на ставот на холандскиот амбасадор на тоа што го кажа во неколку наврати кон крајот на минатата година на многу интервјуа. ДУИ е еден од тие што најмногу зборуваат за борбата против корупцијата, па се разбира дека и ќе се бара поддршка од страна на ДУИ, вели Османи.

Неговиот шеф, Ковачевски пак си ја ишка мувата од капата за обвинувањето дека во последните две години, во однос на правосудството и владеењето на правото Македонија чекорела наназад. За него, ставот на холандскиот амбасадор бил во ред, но ако некој имал политички притисок, како што обвини Коп, требало тоа да се каже со име и презиме.

Реклама

Не сум го запознал никогаш претседателот на Врховниот суд, бидејќи се одвоени капацитетите на извршната и судската власт. Доколку било кој бил под притисок од било кого тоа треба да го каже со име и презиме. Не може амбасадор, мислам во ред е ставот на амбасадорот, меѓутоа сметам дека ако има притисок тој треба да се каже со име и презиме…., вели премиерот Ковачевски.

Тоа што го кажа амбасадорот, ние го говориме со години, смета пак, опозицијата. За лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски корупцијата во земјава цвета и токму затоа Македонија е потворно заглавена во чекалната на Европската Унија. Според него, после ваквиот потоп, на државата ќе и треба време да се врати на нормален колосек.

Како ВМРО-ДПМНЕ тоа го повторуваме подолго време, очигледно кога ќе дојде ваков укор од влијателен претставник на меѓународната заедница тогаш тоа се сфаќа поинаку отколку тоа што го зборува ВМРО-ДПМНЕ. Амбасадорот на Холандија го повтори тоа што ние го зборуваме со години наназад. Дека не владее правото, дека имаме партизирано и опструирано судство, се вршат пристисоци врз судии, се избираат партиски судии и во судски совет…., посочи Мицкоски.

За разлика од политичарите, денеска молк од било кој од судските власти. Тие како да не ја слушнаа сериозната критика од амбасадорот, која покажува дека на Холандија и веќе преку глава од судско-политичките игри во Македонија. И не случајно оваа суптилна закана за ново вето, кое сега би пристигнало од Холандија, е испорачана лично на Ахмети, како лидер на партијата која во последните месеци е посочена како главен двигател на корпуцијата и криминалот.