Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

„Белата чума“ продолжува да ги десеткува македонските општини, помалите места како Крушево најмногу на удар

Беспарицата, целосно изместените вредности и можности за кариерна перспектива, стравот од неизвесното…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Беспарицата, целосно изместените вредности и можности за кариерна перспектива, стравот од неизвесното утре се само мал дел од причините кои загрижувчки брзо ги празнат македонските општини. На силниот удар на „белата чума“, особено тешко одолеваат помалите места од каде младите си заминуваат, најчесто купувајќи билет во еден правец. „Речиси и да нема куќа од каде барем еден член од семејството не е заминат во странство“, со жалење раскажуваат жители од највисокото балканско гратче, легендарното Крушево.

„Мојата фамилија моментално е во Германија. Имам два сина, сосе внуки се. Еве цело време се Германија. Иако имаат образование. Незадоволни се овде од сите третмани, не функционира ни здравство, ни судство, ништо…кај да појдеме – имаме проблеми.. Се чувствуваат несигурни овде, и секогаш напредуваат тие што се неуки, необразовани, партиски војници што се, за другите нормални луѓе – нема работа..“– кажа еден крушевчанец.

„Се иселуваат луѓето, младите бегаат ваму-таму. Еве, моите деца ми се надвор, јас и бабата сме. Најважно е тоа, да не ни бегаат децава. Да се најде вработување, едно- друго“, – ни рече повозрасен крушевчанец.

Реклама

„Бегаат како никогаш. Оваа криза донесе луѓето да бегаат. И не само да бегаат од немање пари, бегаат незадоволни од оваа држава, од оваа власт бегаат“, – констатира трет жител на Крушево.

Спротивно на ова пак, градските власти тврдат дека Крушево се развивало. И инфраструктурно, и туристички во што препознаваат и шанса за ублажување на иселувањето.

„Најавивме голема градежна офанзива. Деновиве најавуваме и реконструкција на постојниот пат од Крушево до Кривогаштани, и повеќе локални патишта во самата општина што значи дека Крушево ќе стане пример во имплементација и реализација на капитални проекти кои најпрвин живот значат, а потоа носиме развој не само на локалната, туку и на регионалнта економија“, изјави Томе Христоски, градоначалник на Крушево. 

Според последниот попис од 2021 година, Крушево брои 8.385 жители. Од нив 51, 47% се Македонци, 29,39% Албанци, 10,34% се Власи и околу 5 проценти се Турци и останати. Трендот на иселување е поприсутен кај Македонците.

Каролина Дурло