Реклама

Туризмот расте – целите за 2030 постигнати четири годано порано, се најавуваат нови чартер летови до Охрид

Енергетска криза во Европа – експертските поддржуваат активирање на сите домашни капацитети за стабилни цени во Македонија

Семакедонска средба во Штип – борбата за идентитетот и правата продолжува

Изградбата на автопатот Кичево-Охрид оди според планот, се најавува негово пуштање во мај следната година

Реформите во заврша фаза- Македонија во очекување на нови милиони евра од ЕУ преку Планот за раст

Се проширува достапноста на услугите на Алта банка – од понеделник се отвора експозитура во Прилеп

Костадиновски: Во 2023 година ѝ беше нанесен тежок удар на правната држава, се надевам грешките ќе бидат исправени

Мицкоски: За разлика од СДСМ и ДУИ кои се самоамнестираа, предлагаме закони кои ќе важат и за нас

Мицкоски: Состојбата во Европа е жестоко алармантна, но ќе се трудиме да нема поскапување

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Македонија

Демографскиот аларм на истокот од државата пишти многу сериозно како последица на влошените состојби на секое поле

По скоро осумнасет часа од Новата година, се слушна плачот на првото…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

По скоро осумнасет часа од Новата година, се слушна плачот на првото бебе родено во штипската Клиничка болница. Глорија Стојковска од Македонска Каменица во 17.55 часот на свет ја донесе малата Деа..

  „Супер е бебенцето. Прво ни е многу сме возбудени„ изјави среќната мајка Глорија Стојковска од Македонска Каменица.

Но кривата на наталитетот оди надолу, а бројот на новородени постојано опаѓа. Според податоците на Државниот завод за статистикa, во третото тримесечје од минатата година, бројот на живородените се 4.453 деца и во споредба со 2022, бројот е намален за 9,8%. Негативен тренд бележи и штипската болница. Ако пред неколку години се раѓаа над 1000 бебиња, сега нивниот број е десеткуван.

Реклама

„2023 ја завршивме со околу 500 породувања. Во споредба со 2022 имаме околу 60 породувања помалку„ изјави д-р Наталија Атанасова, гинеколог-акушер во штипска Клиничка болница.

Ова е данокот што го плаќаме откако младите ни се иселија од државата, коментираат граѓаните според кои недовербата во системот и  ниските плати се причина за „белата чума“ која силно галопира низ нашата држава.

Демографскиот аларм е најизразен во помалите општини, а доказ за тоа е што во Зрновци на пример, лани дури во октомври се роди првото бебе. Според податоците, меѓу двата пописа бројот на средношколци во Македонија е намален за 24.000 ученици. 

Александра Ристевска