Реклама

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Мицкоски: Растот на македонскиот БДП во вториот квартал е четири пати повисок од Европскиот

Бесплатните дополнителни можности за инвитро даваат резултати, вкупно 237 барања за четврти, петти и шести обид

Расте ризикот со возраста – лекарите предупредуваат на тешките форми на Западнонилска треска

По повеќе месеци блокада обезбеден фактор 8 за хемофилија

Македонскиот јазик на универзитетските клупи низ светот

Македонија

Пекевски: Се исцртуваат контурите на следниот парламентарен состав, ВМРО-ДПМНЕ ќе го има мнозинството во Собрание

Убедливо мнозинство ќе освои ВМРО-ДПМНЕ на следните парламентарни избори – тоа може…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Убедливо мнозинство ќе освои ВМРО-ДПМНЕ на следните парламентарни избори – тоа може да се заклучи од сите досегашни анкети за расположението на граѓаните во однос на политичките партии –убеден е политичкиот аналитичар Синиша Пекевски. Според него, извесно е дека рејтингот на СДСМ ќе оди во надолна линија, што ќе значи крах за партијата на претстојните избори.

ВМРО-ДПМНЕ ќе има тотална победа, ќе освои над 61 пратеник и самостојно ќе направи Влада. Дополнително, анкетите покажуваат значителен пад на рејтингот на СДСМ бидејќи корупцијата и криминалот дополнително го намалуваат рејтингот и тие на наредните избори ќе освојат околу 10-12 пратеници – вели Пекевски.

Иако ДУИ за сега има водство во однос на другите албански партии , Пекевски смета дека опозицискиот блок сериозно ќе  им ги помати  математиките на интегративците на следните избори.Сепак ќе биде значаен и настапот на Алијанса која треба да одлучи на која страна ќе биде, дали со СДСМ и ДУИ или обединетатата албанска опозиција.

Реклама

Албанската опозиција е закана за ДУИ и верувам дека ќе направат добар резултат. Нема да се рефлектира секако на целата земја но во одредени изборни единици. Дефинитивно ќе им откине добар дел од гласачите на ДУИ, но тоа нема да биде нешто што ќе биде круцијално нешто што драстично ќе им го падне рејтингот, туку тоа е корупцијата и криминалот – додава Пекевски.

Инаку последната анкета на „Маркет Вижн“ покажа голем раст на рејтингот на партијата на Христијан Мицкоски, за која на изборите во мај би гласале 16,35 проценти од испитаниците. На второ место, според анкетата е ДУИ за која позитивно се изјасниле 5,95 отсто, а на трето место е партијата на Димитар Ковачевски за која би гласале 5,65 проценти.