Реклама

Туризмот расте – целите за 2030 постигнати четири годано порано, се најавуваат нови чартер летови до Охрид

Енергетска криза во Европа – експертските поддржуваат активирање на сите домашни капацитети за стабилни цени во Македонија

Семакедонска средба во Штип – борбата за идентитетот и правата продолжува

Изградбата на автопатот Кичево-Охрид оди според планот, се најавува негово пуштање во мај следната година

Реформите во заврша фаза- Македонија во очекување на нови милиони евра од ЕУ преку Планот за раст

Се проширува достапноста на услугите на Алта банка – од понеделник се отвора експозитура во Прилеп

Костадиновски: Во 2023 година ѝ беше нанесен тежок удар на правната држава, се надевам грешките ќе бидат исправени

Мицкоски: За разлика од СДСМ и ДУИ кои се самоамнестираа, предлагаме закони кои ќе важат и за нас

Мицкоски: Состојбата во Европа е жестоко алармантна, но ќе се трудиме да нема поскапување

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Македонија

Продолжува уништувањето и узурпацијата на струшкото крајбрежје

Додека домашните и меѓународни експерти работат на Физибилити студијата за урбанизирање на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Додека домашните и меѓународни експерти работат на Физибилити студијата за урбанизирање на подрачја и објекти од државно значење во заштитената зона на Охридското езеро, во Струга непрекинато се уништува и узурпира крајбрежјето. За ваквата девастација на државно земјиште,граѓанските активисти доставија претставка до Државен инспекторат за животна средина и до соодветните општински инспекциски служби, веднаш да постапат и да се спречи понатамошното уништување на крајбрежјето, а против оние кои го сториле тоа, да има санкции.

 “За жал спрегата помеѓу инвеститорите и локалните власти секогаш проаѓа под радарот на институциите преќутно или договорно, не знаме тоа е предмет на корупција која што ќе треба допрва да се истражува и практично имаме информација дека во моментов во Струга се изведуваат одредени градежни зафати на самиот брег “– вели Кирил Ристовски од Центарот за еколошка демократија “Флорозон

Струга е класичен пример за непочитување на правната држава, општината во моментов е управувана од урбана мафија која што секојдневно врши злоупотреба на законите за градење,за просторно и урбанистичко планирање и оној за постапување со бесправно изградени објекти – жестоко реагираат струшките граѓански активисти.

Реклама

“Зачудува и незаинтересираноста или неможноста на државниот инспекторат ниту пак на инспекторите кои што би требало да дејствуваат по службена должност на локално ниво ,изoстанува нивниот ефект, бидејќи или се немоќни или пак воопшто немаат ниту увид во она што се работи, ниту имаат желба да реагираат на терен”-вели Никола Кукунеш,граѓански активист  

Иако Општина Струга по неодамнешната средба со експертите сподели информација дека најодговорно и најпрофесионално ги извршувала сите обврски и задолженија кои произлегуваат од мониторинг мисијата на УНЕСКО ,дали е ова највисоко ниво на заштита-прашуваат екологистите.Под притисок на невладините се вршат измени на законот за урбано зеленило со цел да се ограничи неконтролираната урбанизација. Тоа подразбира воведување на зелен катастар во рамки на секоја општина која што практично ќе биде инструмент за заштита на урбаното зеленило. Идните политички состави велат,да ги принудиме како граѓански организации и како јавност, заштитата на животната средина да биде приоритетна тема во нивните политички агенди ако сакаме да го сочуваме од целосно уништување Охридското езеро и крајбрежјето.

Росица Голабоска