Реклама

Мицкоски со сомнеж за брзиот договор за откуп на ајварката „земјоделците не сакаа да протестираат кај откупувачите на пиперки“

Автопатот Охрид-Кичево се гради со планирата динамика, Николоски тврди дека се решаваат сложени инженерски проблеми

„Единствено што сакам е тато да ми оздрави“ – Мила со порака до сите: 30-тина пациенти чекаат ново срце

Затекнати додека подметнуваат пожари – уапсени две лица во Битола и Прилеп

МВР со месеци ја следеле трагата на нарко-мрежата, а резултатот е огромна заплена од 324 килограми марихуана

Три нови случаи на западнонилска треска- во Драчево вонредно прскање

„Ќe има казни за лица кои создаваат хистерија“, рече Мицкоски за лажната вест дека е загадена водата во Скопје

Пекол на хрватското крајбрежје – по Омиш, гори и во околината на Трогир

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Свет

Американските законодавци повикаа на построг став против Иран

Само неколку дена откако бунтовниците Хути поддржани од Иран ги нападнаа САД…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Само неколку дена откако бунтовниците Хути поддржани од Иран ги нападнаа САД во Црвеното Море… иранскиот министер за надворешни работи ги предупреди САД за нивната политика во Газа…

„Неконтролирана и непредвидлива ескалација може да се случи во секое време. Ова е она што Американците не го сфатија до денес, а ако не го сфатат наскоро, САД силно ќе ги почувствуваат последиците“, реќе Хосеин Амирабдолахиан, ирански министер за надворешни работи.

Во Конгресот, републиканците велат дека политиката на администрацијата на Бајден ја поттикнала иранската агресија.

Реклама

„Иран е охрабрен да се наметне околу Блискиот Исток, од Јемен до Газа, со тоа што тој или неговите посредници директно ги напаѓаат американските воени локации и воени бродови, за среќа, без последици“, вели Блејн Луеткемајер, Комитет за финансиски услуги на Домот.

Републиканците го критикуваа договорот на администрацијата на Бајден за одмрзнување на имотот од 6 милијарди долари претходно оваа година во замена за ослободување на пет заложници.

„Кога оваа влада ослободува пари за Иран или го олеснува спроведувањето на санкциите, таа ги финансира терористичките операции насочени против иранскиот народ, народот на Израел и наскоро, се плашам, против народот на САД, рече републиканецот Том Меклинток.

Законот за замрзнување средства за иранскиот тероризам – замрзнување на тој трансфер од 6 милијарди долари – беше усвоен со двопартиска поддршка во Домот на САД.

„Ако не дај Боже Иран добие предност – владата добива предност – со заземање на американски заложник откако тие заложници ќе бидат ослободени. Треба да се обидеме од тоа и да им ја одземеме предноста што ја добија. Ова не е легитимен договор кога Американците се држат како заложници“, рече демократот Бред Шерман.

Законодавците велат дека протестите предводени од Иранките – покажуваат дека промената на режимот на крајот ќе дојде од внатре во земјата.

„Посебно жените во Иран треба да бидат повикани за нивната храброст, за нивната визија и за нивната подготвеност да се залагаат не само за својата иднина, туку и за слободата на секој Иранец“, вели демократката Зои Лофгрен.

Американските законодавци повторно го воведоа законот во кој се изразува поддршката на Конгресот на САД за демократски, секуларен и ненуклеарен Иран.

Јованчо Наумоски, Глас на Америка – Вашингтон