Реклама

Мицкоски на средба со бизнис-претставници од воената индустрија на САД: Преку сериозни и долгорочни партнерства до нови можности за инвестиции

Премиерот Мицкоски се сретна со висока делегација на Стејт Департментот предвоена од заменик секретарот Кристофер Ландау

Владата подготвена за нови мерки ако продолжи растот на горивата

Пресуда за Мерко: 5.000 евра казна за незаконското обележје на општината

Стаорците го разбудија Герасимовски – конечно почна вонредната дератизација во Општина Центар

Разбиена мрежа за шверц на лекови: Претреси во три града и шест уапсени

Западно нилска треска одзема уште еден човечки живот

Македонскиот рубин добива „лична карта“ – ќе биде препознатлив национален производ

Градоначалникот на Центар Герасимовски како да се скри во глувчешка дупка

Се бара решение за блокадите на Али Ахмети: Има ли начин да се победи собранискиот проблем наречен ДУИ?!

Синдикална кошница: ВМРО-ДПМНЕ со контрааргументи на математиките на ССМ и обвинувањата на СДСМ

Оризопроизводителите во Кочанско ја почнаа жетвата, државата и производителите во дијалог за надминување на предизвиците

Македонија

Сајковски: Гласањето и изборите се камен-темелник на едно демократско општество

Гласањето и изборите се камен-темелник на едно демократско општество. Тоа е механизмот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Гласањето и изборите се камен-темелник на едно демократско општество. Тоа е механизмот преку кој поединцот, Вие, придонесувате за обликување и насоката на движење на нашата земја. Секој глас претставува избор, став и верување, пишува на својата Фејсбук страница генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Ѓорѓија Сајковски.

-Со учеството на изборите, активно се вклучувате во процесот што одредува кој ве претставува вас и вашите интереси.Многупати до сега голем дел од граѓаните останаа надвор од овој процес со што оставија простор за креирање на власта на лоши и ненародни политики. Бидејќи тоа е начин да се повикаат на одговорност овие кои се сега на власт, за кои правилата на правосудниот систем не важат, кои се исклучени од секаква правна одговорност за злоделата и штетата која и ја нанесоа на Македонија. Секако дека ја имате слушнато фразата “гласањето не е само право, тоа е и одговорност”, но верувајте овој пат е повеќе од само одговорност, тоа задолжителна обврска за сите кои сакаат промени и се незадоволни. Ова е вистинската шанса да им се прати силна порака на тие кој грешат, со тоа што истовремено ќе се оддаде почит на сите кои станаа жртви од оваа ненародна власт, а тоа се невини лица како оние кои животите ги загубија во модуларни болници, од негрижа во ковид кризата, како неправедно затворените по затворите, за сите оние кој се борат со недостиг од финансиски средства пред крајот на секој месец како и за безброј други погрешни политики кои се носат а се на штета на граѓаните. Власта секако треба да ја казнат граѓаните за рекордно потрошените 30-тина милјарди евра од буџетот а за возврат граѓаните не добија ниту еден видлив проект.Изминатите 7 години се изнаслушавме од СДСМ и ДУИ за европските вредности, европскиот пат но јавно зборувајќи за европските вредности тие тајно злоупотребија многу државни пари, донесоа “епидемија на криминал”.Секој глас придонесува за колективниот глас што ја дефинира иднината. Времето за акција е СЕГА!, пишува Сајковски во својата објава.