Реклама

Сиљановска и Јаневска на првиот академски час на УКИМ

Клековски: Современа терапија за цистична фиброза примаат 126 пациенти, меѓу нив и деца над две години

Настап на Венко Филипче во Собранието: Премиерот го нарече идиот, критичарите ќе ги газел како шлепер жаба

Николоски од Брисел: Изградбата на автопатите и железницата се стратешки приоритет за Македонија

ДЗР: „Мој термин“ 738 дена без договор за одржување, Клековски најави план за надминување на проблемите

Мицкоски до студентите на УГД: Каде и да одите, вратете се дома со знаење, со искуство, со идеи, за заедно да ја градиме Македонија

Кос: ЕУ во вторник ќе ги соопшти новите модели за интеграција, членството во ЕУ носи раст на БДП и до 50%

АНБ разоткри мрежа од псевдо-портали коишто ширеле руска пропаганда

Николоски од Брисел: Изградбата на автопатите и железницата се стратешки приоритет за Македонија

Николоски од Брисел: Инвестициите во инфраструктурата и растот на економијата препознаени и потврдени од Европската Унија

Полициска акција во Прилеп, Струга и Скопје за сузбивање трговија со дрога – над 17 уапсени

ЕУ со нов план за кандидатите – Македонија поблиску до Европскиот пазар

Свет

12-ти пакет санкции против Русија: ЕУ забрани увоз на руски дијаманти

Европската унија одобри нов пакет санкции против Русија, што вклучува забрана за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Европската унија одобри нов пакет санкции против Русија, што вклучува забрана за увоз на руски дијаманти во ЕУ.

Европските лидери на самитот во Брисел го поздравија усвојувањето на 12-ти пакет санции од почетокот на руската инвазија на Украина на 24 февруари 2022 година.

Москва е обвинета дека делумно ја финансирала војната против Украина со профитабилната трговија со дијаманти, што овозможува обрт од околу пет милијарди долари годишно.

Реклама

Забраната на ЕУ се однесува на увоз на природни и синтетички дијаманти и накит од јануари 2024 година, како и на руски дијаманти сечени во други земји од септември 2024 година.

ЕУ ќе преземе и мерки за подобрување на ефективноста на санкциите за увозот на руска нафта. Западните земји одлучија да го забранат секој увоз на руска нафта над цената од 60 долари за барел.

 Европските дваесет и седум земји, исто така, одлучија да ги прошират санкциите и на увозот на течен нафтен гас.